Македонија

Сеад Кочан спроведен во „Идризово“

2. август 2019 - 10:30 | МИА

Скопје, 2 август 2019 (МИА) – Отфрлено е како недозволено барањето на Сеад Кочан за одлагање на затворската казна за предметот „Труст“ по што доцна синоќа тој е спроведен во затворот „Идризово“.

– По добивање на целокупната документација поврзана со новото барање за одлагање со отпочнување со издржување на затворската казна на еден од обвинетите во предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството значен како „Труст“, судија за извршување санкции донесе решение со кое го отфрли барањето како недозволено и издаде наредба осуденото лице со полициска придружба веднаш да биде спроведено во надлежната Казнено поправна установа, соопшти Кривилчниот суд.

Коментирај