#СедиДома и читај македонска поезија - Ана Голејшка Џикова

На Светскиот ден на книгата почнуваме со серијалот #СедиДома и читај македонска поезија со кој ќе ги доближуваме современите македонски поети до вас, нашата читателска публика.

Целта ни е да го разубавиме вашето секојдневие со квалитетна содржина, додека истовремено ве запознаваме со македонските поети кои ги сакаме и сакате, а можеби и со оние за кои не сте слушнале досега.

Уметноста ќе го спаси светот, во тоа цврсто и несомнено веруваме!

Чест ни е да го отвориме серијалот со Ана Голејшка Џикова, поетеса која има оставено повеќе од еден печат во живеењето на модерно Скопје.

 

2015

 

Сосема малку ми фали

да сум сама додека светот не е сам

да си купам љахмаџун со две парчиња лимон

една шапка, три пара чорапи

кармин со боја на зајдисонце

да ја фатам Чаршијата за врвот од носот

да кажам добар ден

додека богот развива молитва низ калдрмите

да ме штрецне нешто низ дамарот

да заплачам пред скутот на големата менада

на местата што веќе ги нема

и мене ме нема

жими сѐ, ќе се молам како најголема грешница

а

навистина, и мене ме нема

само срцето ми пулсира во кафезот

и се претвора во птица.

 

****

Да те љубам, без да те допрам

така ми наложија од министерствата

да те гушнам, а да се сопрам

така ми пишаа налог од полицијата

Стравичното во нас, вирее како лотос во луњава река

не се знае кога ќе има бисер, кога калта ќе го чека

Во отуѓувањето лежи сопствениот дом со дезинфициран ѕид

најчистиот затвор е само слика

за овој премин на човечкиот вид

 

Невреме

 

Времето поминува

сапунот се потроши - сега никој повеќе не е вистински чист

се редиме во колона, за колонска вода

но нема поента - крајот за сите е ист

порано или подоцна

како круна на главата

доаѓа финалето

без публика, без судија, без писок за крај

а ќе си речеш

„планиравме краток одмор некаде средина на мај“

 

 

понекогаш е во ред да си изгубен

 

го сонував дедо ми, со сина кошула како море

читаше весник, задлабочен како да нурка

сакав да го прашам како се чувствувал

кога му умреле две ќерки

NADMASIO STENLI METJUSA

стоеше исечок од весник во дневната

дедо ми бил фудбалер

од небесата

 

Куса биографија

Ана Голејшка Џикова е родена на 8.8 1987.  Дипломирала  на Катедрата за Општа и компаративна книжевност, (не)случаен поет, љубител  на перформансот, градот и уживањата низ него. Социјален активист со искуство во невладиниот сектор. Втора година е дел од здружението на граѓани „Светулка НОРА“, како координатор на проекти во насока на подобрување на животот на бездомните и социјално ранливи граѓани.

Осцилира низ книжевната сцена, често како интерпретатор на стихови, свои и туѓи.  Настапувала на многу поетски читања, а имаше свој настап и на Струшките вечери 2011, на Ноќи без интерпункција, како и учество во читањата во склоп на СВП наредните години. Во септември 2013 ја издаде својата прва книга “Љубов на улица”(Култура), поезија за ритамот на нејзиниот живот . Во 2018 излезе од печат нејзината втора книга поезија „Напишан дом“ (Антолог). Објавувана е на неколку портали како дел од книжевните текови, со свои дела и видувања за поезијата. Беше витален дел од градењето на книжевните читања „Астални проекции", од кои во 2018 заедно со Ѓоко Здравески ја објавија монографијата „Астални проекции“. Има пишувано детски песнички за потребите на детското списание „Либи“.  Во 2019 во издание на Арс Ламина излезе „Веселата зграда“, нејзина прва сликовница за деца, во соработка со илустраторот Драш. Во моментов работи на своите две нови сликовници и е активен соработник пишувајќи детски песнички за електронското списание за деца – „Чудна Шума“.

Живее во Скопје.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе