СЕДИ ДОМА И ЧИТАЈ ДЕКАМЕРОН

#СедиДома и читај новели: „Босилокот на Лизабета“

„Декамерон“ на Џовани Бокачо е книгата која најдобро коренспондира на ситуацијата во која се наоѓаме. Затоа, нашата идеја вели да читаме барем по една новела секој ден за да си пополниме дел од времето кое сега го имаме и тоа како вишок.

Бокачо ја издал „Декамерон“ во 1353 година и таа претставува збирка на 100 новели. За време на чумата во Фиренца, група млади луѓе (7 жени и 3 мажи), се засолнуваат во една куќа надвор од градот и за да не им биде здодевно за секој ден определуваат крал или кралица кој ќе кажува што да прават. Во текот на тие десет дена сите десетмина секој ден раскажуваат по еден расказ на определена тема зададена од одговорниот на денот.

Четвртиот наш избор е приказната за несреќната љубов помеѓу Лизабета и Лоренцо осудена од нејзините браќа.

„БОСИЛОКОТ НА ЛИЗАБЕТА“

Си живееја, значи, во Месина тројца браќа, млади трговци, кои станаа мошне богати по смртта на нивниот татка, дојденец од Сан Џимињано. Имаа тие и една сестра по име Лизабета, мошне млада, убава и благородна, која, од разни причини, сѐ уште не беше мажена. Тројцата браќа во нивниот дуќани имаа и едно младо момче од градот Пиза, по име Лоренцо, кој им ги водеше и им ги извршуваше сите нивни работи. Тој беше убав убав на лика и љубезен во однесувањето, па откако Лизабета неколкупати го виде, почна необично да ѝ се допаѓа. Лоренцо беше свесен за тоа, па еднаш или двапати ја забележа, сите други љубови ги тргна на страна и почна срцето само кон неа да го свува. Работите така се развиваа, што тие подеднакво си се допаѓаа еден на друг и не помина многу време кога се охрабрија и го сторијаона што и обајцата најмногу го посакуваа.

Продолжувајќи така, си поминуваа прекрасно заедно, но не умееја тоа доволно да го скријат, сѐ додека една ноќ најстариот брат, без никој да го види, не сфати што се случува, гледајќи како Лизабета оди кон одајата во која спиеше Лоренцо. Тој, како мудар млад човек, колку и да го погоди ова што го дозна, сепак воден од мислата за нивната чест, без ништо да стори и никому да каже, цела ноќ размислувајќи за оваа работа, сепак почека до утрото. Потоа, кога осамна, на своите браќа им го раскажа она што го виде претходната ноќ во врска со Лизабета и Лоренцо. Па со нив заедно, по долго размислување, го реши следново: за да не може ниту ним, ниту на сестра им никаква срамота да им се случи, да преминат молкум преку тоа и да забораат дека нешто слушнале и виделе, с додека не дојде мигот кога ќе можат тие, пред да се дознае наоколу, без никаква штета или непријатност по нив самите, овој срам да го измијат од себе.

Останувајќи на ова мислење, а шегувајќи се и смеејќи се со Лоренцо како и порано, еден ден, преправајќи се дека сите тројца сакаат да надвор од градот да се разонодуваат, го поведоа со себе и момчето. Кога стигнаа до едно мошне осамено и далечно место, сметајќи дека е мигот поволен, го убија Лоренцо, којшто воопшто не се пазеше од нив и го закопаа, но така што никој да не може да дознае каде. Кога се вратија во Месина, разгласија дека го испратиле некаде по работа, во што луѓето лесно поверуваа, бидејќи честопати го праќаа во туѓина.

Кога виде дек Лоренцо не се враќа, Лизабета, на која ѝ дотежна долгото исчекување, често и упорно ги прашуваше браќата за него, па се случи еден ден еден од браќата да ја праша:

– Што значи ова? Што имаш ти со Лоренцо, па толку често прашуваш за него? Ако продолжиш да прашуваш, ќе си го добиеш одговорот што го заслужуваш.

Заради тоа тажната и нажалена мома, полна со скришен страв, повеќе не испрашуваше и ноќе често го викаше жедно и го молеше да и дојде и плачејќи се жалеше дека толку долго не се враќа, а таа невесело го исчекува.

Една ноќ, кога така долго плачеше за Лоренцо дека не се враќа, се случи да и се јави на сон блед и разбушавен, со раскината и изгниена облека и и се стори дека зборува:

– О, Лизабета, ти само ме викаш и се жалостиш дека ме нема толку долго и со солзите тешко ме обвинуваш. Затоа знај дека веќе не можам да ти се вратам, зашто последниот ден кога ме виде, твоите браќа ме отепаа.

Кога девојката се разбуди, поверува на сеништето и тажно заплака. Потоа, утрината стана и немајќи смелост да им каже нешто на браќата, се реши да отиде на означеното место и да се увери дали е вистина тоа што и се прикажа на сон.

Побара од браќа си дозвола да излезе надвор од градот и со придружничката, која ги знаеше сите нејзини тајни и беше и порано со неа, отиде колку што можеше поскоро на тоа место. Ги исчисти од земјата сувите лисја и почна да копа таму кај што и се чинеше земјата најмека. Не копаше многу кога и се покажа мртвото тело на нејзинот несреќен љубен, уште нераспаднато, и по тоа се увери во вистинитоста на сонот.

Растажена над сѐ, сфати дека сега не е време за плачење и да можеше радо ќе го однесеше неговиот труп за да му даде подостоен гроб. Гледајќи дека тоа не може да го стори, како што можеше најдобро, со нож му ја пресече главата од трупот, ја завитка во крпа, трупот го покри со земја, главата и ја даде на слугинката в раце и се врати дома без да ја види некој.

Таму со главата се заклучи во својата соба и над неа плачеше долго и горчливо ја полеваше и ја миеше со своите солзи, и ја опсипуваше со бакнежи. Потоа зеде убав и голем цреп за цвеќе, од оние во кои се сади нане или босилок, главата ја зави во убава ткаенина, ја стави во садот и ја покри со земја, па насади неколку страка прекрасен салернски босилок. Со ништо друго не го полеваше освен со вода од ружи и портокалови цветови и со своите солзи. Така се беше навикнала секогаш да седи сама до својот босилок и да го гледа со копнеж, зашто во садот беше сокриен нејзиниот Лоренцо. Долго гледаше така, а после плачеше над него и така го полеваше босилокот.

Поради долгата и внимателна грижа и мрсната земја од главата што се распаѓаше внатре, цвеќето стана бујно и замириса чудесно. Бидејќи постојано седеше така и плачеше, ја забележаа соседите повеќепати. И кога браќата се чудеа дека така вене и очите и се пропаднати, им рекоа: „Сме забележале дека таа секој ден прави така и така“.

Кога браќата го слушнаа тоа и забележаа, ја прекорија повеќепати, но напразно. Тогаш наредија скришно да и се одземе цвеќето. А кога не го најде упорно го бараше од браќа си, па бидејќи не и го вратија од солзи и плачење се разболе и во болеста прашуваше само за својот босилок. Зачудени од нејзиното упорно барање, браќата сакаа да разберат што има во црепот со цвеќето. Ја извадија земјата и ја најдоа ткаенината и во неа главата уште толку неизгниена за да можат по кадравата коса да ја препознаат дека е на Лоренцо. Изненадени и престрашени младичите брзо ја закопаа главата и заминаа од Месина, уредувајќи сè како да ќе се иселат, и заминаа во Неапол.

Девојката не престануваше да плаче и постојано со ја бараше својата саксија, па плачејќи си умре и така заврши оваа нејзина несреќна љубов. Но, по извесно време, кога се дозна наоколу, некој ја измисли оваа песничка, која и денес сѐ уште се пее:

Кој беше оној некрстен,
што ми ја украде саксијата...

реклама

Каква е состојбата со COVID-19 на Балканот?

Read more

Швајцарија не знае што да прави со вишокот респиратори и маски

Read more

Колку често треба да го дезинфицирате мобилниот телефон?

Read more

Белградските болници преполни, Србите не веруваат во официјалните бројки за COVID-19

Read more

Книги

„Читањето е супермоќ“ – онлајн кампања на „Арс Ламина“

Read more

Предлог за читање: „Со затворени очи“ – Џош Малерман

Read more

Парите од продажбата на „Карантински приказни“ ќе бидат донирани на Клинички центар Скопје

Read more

70 наслови на македонски автори на попуст во „Или-Или“

Read more

Магазин

Зошто треба да јадете праски секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Dior уште еднаш покажа зошто е модна куќа без конкуренција

Читај повеќе
  • play_arrow

Седум грешки поради кои не ви се зголемува мускулната маса

Читај повеќе
  • play_arrow

Индиски бизнисмен со златна маска од 4.000 долари се штити од COVID-19

Читај повеќе

Три хороскопски знаци кои секогаш го добиваат она што го сакаат

Читај повеќе

Истражување: Колку секс е доволно?

Читај повеќе

Детална процедура: Што да правите ако се заразите со коронавирус во Грција?

Читај повеќе

Секс поза „мачка“ - максимално уживање за двајцата партнери

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа тестирањето за COVID-19 на грчката граница со Бугарија?

Читај повеќе