Секојдневен тренинг од две минути е доволен за совршена фигура

Веројатно секој би имал желба за вежбање доколку има доволно време за тоа, но за жал ретко кој може да најде слободно време во живот во вакво зафатено општество. Но, едно ново истражување тврди дека тренинг од само две минути дневно ви е доволен за да ја одржувате идеалната линија.

Поточно, само 120 секунди вежбање со висок интензитет секој ден можат да бидат добри за вашето здравје исто како и секојдневен фитнес распоред кој трае 30 минути.

Вежбањето може да биде напорно ако не сте вистински фитнес фанатик, а еден од најголемите проблеми со кои може да се соочите е одржувањето на тренингот во правилни и редовни временски интервали, пишува Cosmopolitan.

Истражувачи од универзитетот „Викторија“ во Австралија побараа од одреден број испитаници да прават три вежби со различен интензитет во тек на одреден временски период, со седум или повеќе денови пауза помеѓу две сесии на вежбање. На првата сесија од учесниците во овој експеримент им беше наложено да трчаат 30 минути со половина од нивната сила. На втората сесија тие трчаа пет минути со 75% од силата, со еднократен одмор помеѓу сериите. На последната сесија испитаниците учествуваа во четири велосипедски спринтови во траење од 30 секунди со максимален напор.

По завршувањето на секоја од вежбите научниците мереа колку енергија потрошил секој од учесниците. Тие открија дека мускулното оптоварување е скоро идентично кај секоја од трите сесии, и дека на секој од трите начини се троши отприлика иста количина енергија и калории.

„Ова укажува на тоа дека вежбите можат да се извршуваат според индивидуална преференца. Времетраењето на вежбите не е толку важно како интензитетот со кој се извршуваат“, пишува во истражувањето објавено во American Journal of Physiology.

Научниците во минатото тврдеа дека на секого му се доволни само 150 секунди дневно на интензивно вежбање за да се одржи идеалната линија, но новото истражување вели дека е потребно уште помалку време.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Фит

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Read more

Кога треба да појадувате за да слабеете?

Read more

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Read more

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе