Секс совети: Како да трае уживањето подолго?

Сакате да уживате во сексот подолго? Дали сте разговарале со партнерот за тоа?

Има многу истражувања за тоа колку трае сексот во просек, но тоа најчесто се истражувања во кои се мери времетраењето на сексуалниот чин од моментот на пенетрацијата до кулминација на едниот, или (поретко) двајцата партнери истовремено, а сите знаеме дека сексуалното доживување и уживање се состои од многу повеќе од тоа.

Има многу помалку податоци за должината на сексот кога ќе се земе предвид предиграта, оралниот секс, взаемната мастурбација и пенетрацијата. Но, дури и да ги имаме сите тие информации, колку трае сексот е неважно во споредба со квалитетот на сексот.

Сепак, ако сакате да го продолжите сексуалното уживање, треба да си одговорите на прашањето: „Кое е идеалното времетраење што ќе ве задоволи вас, односно вас и вашиот партнер?“

Всушност, истражувањата и статистичките просеци се „споредбена замка“, вели Меган Флеминг, доктор на науки која има советувалиште за секс и врски во Њујорк.

“Станува збор за тоа што функционира за вас, во вашата врска“, вели таа.

Секс терапевтите за предвремена ејакулација го сметат ејакулирањето на помалку од две минути по првата пенерација, вели доктор Флеминг.

Од клиниката Mayo нудат дефиниција со малку поинакви параметри: Предвремена ејакулација е кога мажот ејакулира порано за време на сексуалниот однос отколку што би сакал тој или неговата партнерка.

„Ако и двајцата партнери се задоволни од времетраењето на сексот, тогаш нема причина за загриженост – на крајот на краиштата, сексот е многу повеќе од пенетрација. Колку е важна пенетрацијата за кулминација на уживањето? Дали вие или партнерот/партнерката доживувате оргазам при пенетрација или преку орално или рачно задоволување?“, прашува доктор Флеминг.

Ако и двајцата партнери сакаат сексуалното уживање да трае подолго, има неколку работи што може да ги пробате.

Доктор Флеминг ги дели овие стратегии во две групи: физички и психолошки.

Во физичката категорија спаѓаат вежби со мастурбирање со кои мажот ќе го истражува своето сексуално доживување и ќе научи која брзина, динамика или положба му овозможува поголемо одложување на моментот на ејакулација.

За жените, кога станува збор за пролонгирање на вагиналниот секс некогаш проблемот е во недоволната влажност. За ваше, но и за негово продолжено уживање, експериментирајте со лубриканти и најдете го оној што најмногу ви одговара и на двајцата.

Психолошката страна на сексот е многу важна за времетраењето на уживањето.

Покрај преминувањето на одредени психолошки бариери за пробување нови пози и типови на секс, размислете и за споделување фантазии или примена на секси разговори или играње улоги.

Отвореноста во разговорот за сексот и уживањето е од големо значење за квалитетот на сексуалното искуство. Можеби не сте задоволни од времетрањето на сексот бидејќи во вашата врска чинот завршува кога мажот ќе ејакулира. Можеби сакате да пробате нови пози или сакате или не сакате да бидете допирани на одредени делови од телото за време на сексот. Можеби ви е потребна дополнителна стимулација за време на пенетрацијата за да постигнете оргазам.

Сите овие „препреки“ може да се надминат со отворен и искрен разговор со партнерот/партнерката.

Доктор Флеминг нагласува дека пробувањето нови работи и експериментирањето не треба да завршат на првиот обид, освен ако не му претставуваат проблем на едниот од партнерите.

Вербалната стимулација исто така може многу да помогне за пролонгирање и подобрување на сексуалното доживување – кажете на глас што е она што ве возбудува за време на сексуалниот чин, дадете охрабрување, кажете насока, темпо... уживањето ќе биде поголемо и за двајцата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе