Семејство на починат кој бил заразен со COVID-19 одбива комуникација со епидемиолозите

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче информира дека епидемиолозите имаат проблеми во добивање информации од семејството на починат за кој бил земен постмртен брис и бил организиран погреб, а дури потоа се утврдило дека е позитивен на COVID-19.

Многу е тешко да се пристапи и до семејството кое што апсолутно одбило да контактира и комуникација со епидемиолозите, како за организацијата на чинот на погребот од кои им било кажано дека починатиот е позитивен, така и во однос на давањето на податоци за тие контакти и присутни на самиот чин на погребот, рече Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашниот случај на еден починат, за кој бил земен постмртен брис и бил организиран погребан, а дури потоа се утврдило дека е позитивен на COVID-19.

– Ова е сериозен проблем за епидемиолозите. Во насока на тоа, секаде каде што епидемиолозите и Државниот санитарен и здравствен инспекторат има потреба го известува Министерството за внатрешни работи, рече Филипче.

Во однос на работата на угостителските објекти, министерот Филипче потенцира дека протоколите се јасни. Додаде дека се укажува на тоа оти треба да има сосема мал број на гости и да се запазат принципите на овие препораки.

– Очигледно дека поголем број граѓани не се свесни за сериозноста на проблемот и вирусот, дали не се плашат од болеста или мислат дека на нив не може да им се случи, меѓутоа многу луѓе заболеа и починаа. Сериозна е болеста. Ние успеавме да го изамортизираме ударот, не се преполнија болниците. И можеби затоа се нема вистинската слика за тоа што се случуваше во некои други земји, рече Филипче.

Апелира дека суштината во натамошната борба е почитување на мерките и така да го вратиме постепено животот во нормала.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе