Семејството што го насмеа целиот свет даде интервју за BBC
Ова семејство стана светска сензација откако секој член на свој начин учествуваше во интервјуто на таткото за BBC.
Од влетувањето на децата, едно по едно, а потоа и на испаничената мајка, додека таткото зборува во живо на сериозна политичка тема, семејството и нивните реакции станаа тема на разговор ширум светот, од различни причини. Некои велат дека е совршена комедија, други дека е трагикомично, трети дека е загрижувачко.
Семејството на професорот Роберт Е. Кели не очекуваше дека ќе добие уште една прилика за интервју, но BBC очигледно имаат смисла за хумор и им дадоа прилика да се објаснат.