ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Сергеј Милинковиќ-Савиќ оди во Саудиска Арабија, Лацио добива 42 милиона евра

Сергеј Милинковиќ-Савиќ и римскиот клуб сѐ уште ја потврдиле зделката, но Repubblica денеска лансираше ексклузивна вест дека е договорен трансферот во Ал Хилал и тоа за вкупна сума од 150 милиони евра.

Тоа се поклопува со неодамнешната изјава на неговиот менаџер Матеја Кежман, дека Сергеј во блиска иднина би можел кариерата да ја продолжи во новиот магнет за врви фудбалери од европските клубови, Саудиска Арабија.

Според информациите споделени од италијанскиот весник, трансферот наскоро ќе се реализира, а Лацио ќе искешира 42 милиона евра. 28-годипшниот офанзивец од средниот ред ќе добива нето плата од 30 милиони евра за секоја од трите сезони, на колку што ќе се обврзе. Repubblica е римски весник.

Милинковиќ-Савиќ потекнува од новосадска Војводина, од каде во 2014 година за 1 милион евра замина во Гент. Но, по само една сезона во Белгија беше пикиран од Лацио и за 12 милиони евра донесен на „Олимпико“, каде остана 8 сезони. Во меѓувреме, многу клубови се обидуваа да го купат, но пречка секогаш беа нереалните финансиски барања на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, познат по тоа што не сака да ги продава своите најдобри играчи.

URL

Сега изгледа се најде некој што е подготвен богато да плати, а и на играчот да му гарантира многу повисока плата отколку во Лацио. Сергеј во Лацио има договор до наредното лето, а платата му е „само“ 3,2 милиони евра.

Дека Ал Хилал не се шегува потврдуваат и трансферите кои досега ги реализираше. На клупата го донесе португалскиот стратег Жорже Жезуш, за 55 милиони евра го купи играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Рубен Невеш, како и дефанзивецот на Челси, Калиду Кулибали, за 23 милиони евра. Милинковиќ-Савиќ треба да ја продолжи низта, а „саудискиот Реал Мадрид“ работи и на трансфер на Бернарду Силва од Манчестер Сити.

Синоќа претседателот на Лацио имаше спротивна изјава, во која тврди дека ниту има потреба да продава, ниту сака.

„Не би го продавал, се обидувам да му го продолжам договорот, но за да остане потребна е волја од двете страни. Лацио дефинитивно не мора да продава за да купува, и тоа е важно да се знае. Ако некој си замине, нема да биде затоа што ни требале пари. Никој нема да го просилувам да остане. Ако играчот сака да си замине, нема да му стојат на патот“, La Gazzetta dello Sport ја пренесе изјавата на Лотито, кој изгледа си ја научил лекцијата по случајот со Горан Пандев, кога нашиот фудбалер го пријави во ФИФА претседателот бидејќи му вршеше мобинг затоа што не сакаше да потпише нов договор и сакаше да си оди.

URL
реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе