Вчера во околу 13 часот и 30 минути во Скопје на улица „Водњанска“ дошло до расправија помеѓу сестрите М.П. (52) и М.П. (52), при што со кујнски ножеви си нанеле по неколку убодни рани една на друга.
Сестрите се хоспитализирани во Ургентен центар Скопје.
Кај една од сестрите била констатирано крварење од белодробно крило, додека за карактерот на повредите на другата сестра дополнително ќе се произнесат од Ургентниот центар.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.