Северна Кореја истрела неколку крстаречки ракети

Северна Кореја денеска истрела повеќе крстосувачки ракети од нејзиниот источен брег, што е второ вакво лансирање за помалку од една недела, соопшти војската на Јужна Кореја.

Ракетите биле лансирани околу 8 часот по локално време и биле анализирани од јужнокорејските и американските разузнавачки служби, соопшти војската, без да прецизира колку проектили биле истрелани.

„Зајакнувајќи го надзорот и будноста, нашата војска тесно соработува со САД и ги следи дополнителните знаци и активности на Северна Кореја“, се вели во соопштението на Јужна Кореја.

Последното лансирање дојде неколку дена откако Северна Кореја истрела нова стратешка крстосувачка ракета наречена Pulhwasal-3-31, што укажува на тоа дека има нуклеарна способност.

Се очекуваат нови провокации од владата на Ким Џонг Ун

Северна Кореја ги заострува односите со САД и нејзините сојузници, но официјални лица во Вашингтон и Сеул велат дека не виделе знаци дека Пјонгјанг има намера да преземе итна воена акција.

Владата на Ким Џонг Ун најверојатно ќе продолжи, па дури и ќе ги засили провокативните потези, велат официјални лица и аналитичари, откако направи чекори во развојот на балистички ракети, зајакнување на соработката со Русија и напуштање на својата повеќедецениска цел за мирно обединување со Јужна Кореја.

Претходно во неделата, севернокорејскиот државен медиум KCNA ја осуди серијата воени вежби спроведени од американските и јужнокорејските трупи во последните недели, предупредувајќи на „немилосрдни“ последици.

„Реалноста дека вежбите за нуклеарна војна против нашата република се одвиваат како лудо од почетокот на новата година, бара да бидеме целосно подготвени за смртоносна војна“, се вели во објавата.

Во септември 2021 година, Северна Кореја го изврши првото тестирање на крстаречка ракета способна да изврши нуклеарен напад.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе