Северна Кореја разви сопствени ПЦР тестови

Кајгана/МИА
/ 23.08.2021 / 08:26

Северна Кореја разви своја опрема за полимеразна верижна реакција (ПЦР) за спроведување на тестирање на коронавирусот, додека земјата се обидува да го потисне појавувањето на нови повеќезаразни видови на вирусот, соопштија денеска  државните медиуми во оваа земја.

Изолираната земја досега нема потврдено ниту еден случај на COVID-19, но ги затвори границите, го ограничи патувањето и воведе строги превентивни мерки, сметајќи дека пандемијата е прашање на национално преживување.

Во рамките на борбата против ширењето на вирусот, научниците и техничарите на Државната академија на науките развиле ПЦР систем што за првпат ги исполнува светските стандарди, објави весникот на владејачката Работничка партија Rodong Sinmun.

Опремата е претставена како едно од неодамнешните достигнувања обезбедени преку напорите на лидерот Ким Јонг Ун да го локализира производството на машини, алатки и материјали со оглед на меѓународните санкции и затворањето на границите, што драстично ја намали трговијата.

Северна Кореја спроведе ПЦР-тестови како меѓународно признат стандарден дијагностички метод за COVID-19, но во тоа имаше надворешна помош, вклучувајќи ја и онаа од Светската здравствена организација (СЗО).

Севернокорејската агенција KCNA соопшти дека земјата ја засилува својата борба против вирусот за да го спречи ширењето на виско преносливите варијанти Делта и Ламбда низ целиот свет.

„Во тек се планови за нормализирање на дезинфекцијата и спречување на неорганизирано движење на луѓе и залихите во канцелариите и работните места, додека образованието и контролите се зајакнуваат за да се обезбеди дека сите луѓе ги следат правилата, вклучително и носење маски на јавни места“, соопшти KCNA.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more
 

Вести

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе