Северна Македонија две години полноправна членка на НАТО

Скопје, 27 март 2022 (МИА) – Северна Македонија пред две години стана триесетта земја-членка на НАТО. Во вонредни околности, кога светот се соочуваше со пандемијата на Ковид-19, вршителот на должност амбасадор на земјава во САД Вилма Петковска во Вашингтон му го предаде оригиналниот документ на ратифакиција од Преспанскиот протокол за членство на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија амбасадорот Филип Рикер.

Датумот 27 март 2020 година беше означен како историски, а честитки пристигнаа од лидери од земјава, од лидерите на САД и НАТО. Добредојде во НАТО ни посакаа генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, тогашниот американскиот државен секретар Мајк Помпео, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен…Церемонијата на депoнирање на инструментот во МНР ја следеа тогашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров и американската амбасадорка Кејт Брнз. Претседателот Стево Пендаровски во видео изјава нагласи дека станува збор за историски успеси кои по три децении независност конечно ја потврдуваат македонската безбедност и ја гарантираат нашата иднина.

На 30 март 2020 година македонското знаме беше кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапување на земјава во Алијансата. Знамето беше кренато додека се интонираше македонската химна. Пред свеченото кревање на знамето добредојде на нашата земја во НАТО посака генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Свечената церемонија на подигање на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, преку видео врска во Скопје ја следеше тогашниот премиер Оливер Спасовски.

Знамето на Република Северна Македонија беше кренато и во Командата на сојузничките сили за операции во Shape – Монс и Команда на сојузничките сили за трансформации во Норфолк, Вирџинија.

По повод една година од членството во НАТО, лани во нашата земја пристигна командантот на сојузничката команда на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк. Тој имаше средби со претседателот Стево Пендаровски, со поранешниот премиер Зоран Заев и со поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

-Северна Македонија имаше одличен почеток и обезбедува значителни придонеси за Алијансата, порача Бурк.

Зградата на МНР синоќа беше осветлена во боите на НАТО по повод одбележување две години откако земјава е полноправна членка на Алијансата.

-Да се биде дел од трансатлантското семејство, особено во овие времиња на геополитичка нестабилност, е значајно постигнување и цврста гаранција за нашата безбедност и просперитет, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Според него, Северна Македонија е на заедничка маса со најразвиените демократии во светот и е активен чинител во глобалните безбедносни политики.

-Со нашите НАТО партнери сме обединети и одлучни заеднички да одговориме на актуелните безбедносни предизвици предизвикани од инвазијата на Русија во Украина и да го дадеме својот придонес за зачувување на светскиот мир и стабилност, наведува Османи.

Определбата за евро-атлантско интегрирање на Република Северна Македонија датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција, во која се дефинирани надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ.

На официјализирањето на членството претходеше период на ратифицирање на Протоколот за пристапување од страна на земјите-членки. Протоколот за девет месеци го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки, а ратификацијата во шпанскиот Парламент се оддолжи поради изборите во Шпанија. Собранието на Република Северна Македонија на 11 февруари 2020 година со 114 гласа „за“ го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор. Законот беше донесен со одложено дејство и се чекаше ратификацијата во Шпанија, која беше комплетирана на 17 март 2020 година.

Парламентот во 1993 година усвои резолуција за членство, во 1995 година Македонија се приклучи кон програмата Партнерство за мир, Канцеларијата на НАТО беше отворена во 1997 година, кандидат станавме во 1999 година, а најблиску до НАТО бевме во 2008 година на самитот во Букурешт, но Алијансата тогаш констатира дека земјата технички е подготвена да влезе, но влезот беше попречен поради грчкото вето заради нерешениот спор за името. Откако по речиси три децении спорот беше надминат вратата за НАТО се отвори и за нешто повеќе од една година, по потпишувањето на Протоколот на 6 февруари 2019 година, Северна Македонија во 2020 година на денешен ден и официјално стана дел од евроатлантското семејство.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе