Севернокорејски војник пребега низ минираната граница

Севернокорејски војник пребега во Јужна Кореја, успевајќи да мине преку една од најдобро чуваните и утврдени граници на светот.

Војникот ја минал воената линија на разграничување која минува низ демилитаризираната зона која ја делат двете Кореи, кои технички сè уште се во војна откако судирот кој траеше од 1950 до 1953 година заврши со примирје, но не и со склучување мировен договор.

Секоја година просечно илјада жители на Северна Кореја пребегнуваат во Јужна Кореја, но повеќето од нив тоа го прават преку Куни.

Во овој случај необично е што еден жител на Северна Кореја успеал да ја мине воената линија на разграничување оградена со бодликава жица и со многу војска од двете страни на границата. Последниот пат таквиот премин е регистриран во јуни 2015 година.

Јужнокорејските воени функционери соопштија дека севернокорејскиот војник бил невооружен и дека немало пукање на границата.

Неговото бегство следеше по низата бегства на влијателни поединци што ја разлути комунистичката власт во Пјонгјанг, во периодот на засилени меѓународни тензии во регионот поради зачестените нуклеарни и ракетни тестирања од страна на Северна Кореја.

Едно од најпознатите бегства е на Тае Јонг Хо, заменик на севернокорејскиот амбасадор во Велика Британија. Тој е највисоко рангираниот дипломат кој во Јужна Кореја пристигна во август, задавајќи му непријатен удар на севернокорејскиот челник Ким Џонг Ун.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе