Шахпаска: Секој вработен во институција, сведок на насилство, е должен е да го пријави

Скопје, 30 јануари 2021 (МИА) – Заради  надминување на стереотипите, предрасудите, на линчот кој им се прави на жените заради нивната традиционално подредена улога во семејството, општеството, заради нерамномерната поделба на моќта меѓу мажот и жената, го донесовме Законот за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Според неа, ова законско решение претставува нов исчекор по постапувањето на институциите и предвидува мултисекторски, институционален и координиран пристап во справувањето со насилството во сите облици.

Во врска со случајот со „Јавна соба“, министерката истакна дека охрабрува чекорот на девојките кои беа  жртви на насилство почнуваат гласно да говорат. Таа зборуваше и за одговорноста на институциите која, како што рече, е огромна и обврзувачка.

-Токму новиот Закон предвидува постапување со должно внимание односно секој кој е вработен во некоја институција, сведок на насилство, должен е да го пријави. Прва инстанца се Центрите за социјална работа или Полицијата кои се должни да постапат, а судот во рок од 24 часа, носи одлука согласно констатираниот полициски извештај. Целта на новото законско решение е да ја подигаме  јавната свест, да говориме отворено за насилството, да го превенираме , а доколку истото се случи да се превземат мерки, како итни ,така и за поддршка и заштита на жртвата, истакна министерката Шахпаска во интервју за радио Канал 77.

Таа информираше дека за периодот од јануари до септември 2020 година се случиле 1168 насилства, од нив 836 жртви пријавиле насилство во градовите, а 332 во рурална средина. Притоа, 51 малолетно девојче и 53 момчиња биле жртва на насилство, што, како што нагласи таа, претставува поразителна бројка. Во 816 случаи од 1168 пријавени случаи на насилство, институциите постапиле односно превземале соодветни мерки.

Таа зборуваше и за тоа дека родителите, наставниците мораат да ја забележат промената во однесувањето на детето.

-Ако дете кое до вчера било одлично, активно и одеднаш е се однесува спротивно од тоа, наставникот е должен следејќи го детето да реагира, да постапи затоа што тоа е дел од неговиот професионален ангажман и преку разговор со детето, родителите, да увиди која е причината за промените во неговото однесување. Истото се однесува и за родителите, кои се први кои треба да ги забележат промените кај своето дете, нагласи министерката за труд и сицијална политика.

Шахпаска порача дека сите како одговорни граѓани треба да одиме до крај во спротивставување на насилството и борбата против него.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе