
Шакира ја покажа нејзината неверојатна флексибилност споделувајќи низа фотографии од подготовките за претстојниот настап на доделувањето на MTV Video Music Awards.
Колумбиската пејачка која има 46 години ја вежбаше кореографијата во своето студио за танц. На објавата на Instagram напиша: „Погоди од која песна е оваа поза Одвај го чекам вторник”.

Освен што ќе настапи на доделувањето на наградите, Шакира е во конкуренција за награди во четири категории: изведувач на годината, најдобра соработка како и за најдобра латино песна за песните "TQG" и “Acrostico".
Доделувањето на MTV Video Music Awards ќе се одржи во Њу Џерси на 12 септември