Шченсни: Погба и Ди Марија не дојдоа во Јуве за да бидат 4. место

Голманот на „Старата дама“ уверува дека со звучните летни засилувања тимот претстојнава сезона ќе биде во конкуренција за Скудетото.

Јувентус освои 9 последователни титули во Серија А од 2012 до 2020 година, но во последните две сезони завршуваше на 4. место, едвај изборувајќи пласман во Лигата на шампионите, додека титулите заминуваа во Милано, прво кај Интер, а потоа и кај Милан.

Зимското засилување во голгетерот Душан Влаховиќ, кој дојде од Фиорентина, надополнето со летните Анхел Ди Марија, Пол Погба и Глеисон Бремер му го дадоа на тимот квалитетот кој се чини му недостасуваше за да биде конкурентен за Скудетото.

„Ди Марија и Погба инспирираат самодоверба кај остантите од тимот. Анхел, Пол и Бремер не дојдоа во Јуве за да завршат на 4. место, тие сакаат трофеи. По изминатата сезона, која не може да се оцени како позитивна, наша должност е да се обидеме да ја освоиме титулата“, изјави полскиот голман Војчех Шченсни говорејќи за Gazzetta dello Sport, весникот со розеви страници.

Минатата сезона Јуве остана и без трофеите во Суперкупот и во Копа Италија, што е прва сезона по 2010/2011 во која клубот не освоил ниту еден трофеј.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Read more

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Read more

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе