Шек стана вечен на Флорида: Прв пат Орландо повлече нечиј дрес

Орландо Меџик за прв пат во историјата повлече дрес на еден кошаркар, а таа чест синоќа пред почетокот на натпреварот со Оклахома Сити Тандер му припадна на легендарниот Шекил О'Нил.

Поранешниот американски центар (51) пристигна во Орландо во 1992 година како прв пик од НБА драфтот, каде ги мина следните четири сезони, за да ја продолжи кариерата играјќи за Лос Анџелес Лејкерс, Мајами Хит, Феникс Санс, Кливленд Кавалирс и Бостон Селтикс. Во текот на кариерата носеше дресови со различни броеви, додека во Орландо остана запаметен по 32-ката која во иднина ќе ги краси трезорите на „Емвеј Сентр“.

„Знаете, постои онаа стара изрека: 'Никогаш не заборавајте од каде дојдовте'. Мојата професионална кариера започна овде. Поголемиот дел од мојот живот го поминав тука. Никогаш не мислев дека ќе дојде овој ден“, рече Шек на церемонијата, каде освен семејства присуствуваа и поранешни играчи од неговата генерација.

URL

Иако не освои ниту еден прстен со Орландо за време на неговиот четиригодишен мандат, О'Нил остави длабока трага во оваа франшиза, каде што, судејќи според вечерашниот прием, тој и понатаму е миленик на фановите.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Кошарка

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе