Шест најчести грешки што ги правите кога билдате мускули

Дали се запрашувате зошто немате напредок во вежбањето? Иако ги следите сите насоки, мускулите стагнираат и не се развиваат. Ако одговорот е да, тогаш веројатно правите грешки во тренингот и начинот на исхрана.

Ова се некои од можните грешки:

Секогаш имате ист број на повторувања

Иако се зборува за тоа колку повторувања треба да имате за вежбите со тегови, се верува дека оптималното повторување е од 5 до 8 повторувања.

Повремено покачувајте го бројот на повторувања, особено ако веќе не сте почетник. Одржувајте растојание помеѓу бројот на покачувања. Првата недела, додате 2-3 повторувања повеќе. Наредните недели, зголемете го бројот на 3-4 повторувања. 

Постепено ќе стигнете до бројка од 6 до 8 повторувања, за да крајната цел  ви биде 12 до 15 повторувања.

Премногу вежбате

Со прекумерното вежбање правите повеќе штета отколку корист. Кога целта ви е да изградите мускули, мора да јадете и да не се грижите за вишокот маснотии во организмот. Подобро избегнувајте го кардио-тренингот затоа што губите калории кои ви се потребни за да нaбилдате мускули.

Не јадете правилно

Повеќето луѓе кои се обидуваат да набилдаат мускули, мислат дека треба да јадат само протеини. Иако е вистина дека протеините се важни затоа што содржат аминокиселини кои ги градат мускулите, не се препорачува да избегнувате внес на јаглехидрати и масти. Јаглехидратите даваат енергија на телото која е потребна за да се зголеми мускулната маса, додека мастите се одговорни за тестостерон и останатите хормони кои се поврзани со растот.

Не јадете доволно

Кога се обидувате да изградите мускули, мора да јадете повеќе, за да добиете енергија потребна за нивниот развој, па затоа три оброци можеби не се доволни. Јадете пет до шест пати дневно за да внесете повеќе калории.

Избегнувате интензивен тренинг со тегови

Човечкото тело е дизајнирано да заштедува енергија за да не бидете гладни. Како разултат на тоа, телото природно не сака да направи мускули. Тренингот со тегови е многу важен за да телото изгради мускулна маса.

Нередовност

Нередовноста е најголемата грешка која може да ја направите и така да го уништите целиот напредок што сте го постигнале. Доколку не сте редовни, ќе ги изгубите мускулите наместо да ги надоградувате.

реклама

Фит

Лесни вежби за загревање на целото тело

Read more

Три чекори до послаби и затегнати нозе

Read more

Колку кардио е потребно за да се стопат наслагите околу стомакот?

Read more

Со јога до здраво срце

Read more

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Мисиркини гради во сос од вино

Читај повеќе
  • play_arrow

Четири освежителни пијалаци идеални за летово

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонија и уште 9 држави во кои нема McDonald's

Читај повеќе

Неколку причини зошто секој ден треба да јадете лубеница

Читај повеќе

Предлог за ручек: Пилешко на грчки начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Орел улови двометарска ајкула во САД

Читај повеќе

Руски експерти направија лек за COVID-19

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои немаат среќа со парите

Читај повеќе
  • play_arrow

Лесни вежби за загревање на целото тело

Читај повеќе