Шест особини кои ги поседува совршениот љубовник

Непишано правило во сексот е дека идеалниот љубовник првин ќе овозможи партнерката да достигне оргазам, пред да го достигне неговото задоволство. Причина за тоа е што на жените им треба малку повеќе време за разлика од мажите.

Според секс експертката Трејси Кокс, има 6 основни особини кои совршениот љубовник ги поседува, а можат да се забележат при првата сексуална средба.

Орален секс

Љубовникот кој избегнува орален секс за жените не е баш пожелен партнер, бидејќи голем број од нив најлесно така доживуваат оргазам, вели Кокс. Техниките кај оралниот секс со текот на времето може да се поправат, но ако партнерот го одбива тоа, се скратуваат уживањата на партнерката.

Оралниот секс не е само пат до оргазам, туку е и начин на кој мажот покажува на жената дека во целост ја посакува

Ги слуша упатствата од партнерката

Кога имате секс со нов партнер потребно е време да се ускладите. До обострано уживање најлесно се доаѓа со отворена комуникација. Мажите често трпат поголем притисок и товар кој го носи добриот или лошиот екс. Неговото его во креветот е многу поголемо отколку на жената. Партнерот која на зборовите од партнерката како „побавно“, „побрзо“, „пониско“ и слично се навредува, не е материјал за добар љубовник.

„Несигурните мажи кои притоа се и одбранбено настроени, не се партнери расположени да учат, а жената поради тоа повеќе ќе биде сконцентрирана како да не го навреди, па најверојатно на крајот ќе глуми оргазам“, вели Кокс.

Не се фали со вештини

И мажите и жените подеднакво сакаат да го восхитат партнерот, додека мажите често имаат поголема потреба тоа и да го докажат. Тогаш раскажуваат за нивното богато сексуално искуство или инсистираат дека имаат уникатна техника. Ваквото однесување најчесто ги одбива жените бидејќи освен што делува препотентно, тоа ги зголемува и очекувањата кои може тешко да ги исполнат.

Не му важен само неговиот оргазам

Непишано правило е дека мажот првин треба да почека жената да доживее оргазам, а дури потоа да се посвети на сопственото уживање. Мажите кои не обрнуваат внимание на женскиот оргазам дефинитивно не се некој со кој треба да планирате иднина.

Не дели лесно комплименти

Избегнувајте неоригинални комплименти бидејќи жените брзо ги препознаваат и не сакаат да ги слушнат. Искрени и едноставни комплименти на нејзиниот карактер, личност или изгледот се показател дека сте заинтересирани за неа.

Без емоционално повлекување

По секс со новиот партнер понекогаш не знаете што да направите и како да се однесувате, бидејќи не се познавате доволно. Во такви случаи е тешко да процените што е тоа што се очекува од вас. Најдобро е да бидете отворени, не да бегате и да се повлекувате, бидејќи така ви е попријатно.

реклама

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе