Шест работи кои вашето куче ги кажува ставајќи ви ја шепата

Многу пати кучињата ги креваат шепите и бараат физички контакт со овој едноставен гест, но зад тој потег всушност се кријат многу значења. Со ставање на шепите врз вас, тие можат да ви покажат наклонетост или да бараат сигурност кога се чувствуваат лошо.

Ова се сите сигнали што ги испраќаат кучињата кога ќе ви стават шепа:

Радост и љубов

Еден начин кучињата да изразат љубов е да ја стават шепата на ногата или на кој било друг дел од телото од нивниот газда. Тоа го прават затоа што сакаат да се галат. Покрај тоа што ги ставаат шепите или мрдаат со опашот, кучињата можат да изразат радост и положувајќи ги ушите, лежејќи на стомак и слично.

Покорност

Кога покорно куче сака да му каже на доминантното куче дека ја прифаќа неговата улога во врската, понекогаш ќе легне на грб и ќе ја крене предната шепа. Истата позиција важи и во однос на човекот.

Покана за игра

Кучињата имаат различни начини да упатат покана за играње, а еден од нив е ставање шепи на луѓете и на други животни.

Кучињата можат да гризат, лаат, па дури и да ржат за време на играта, и важно е луѓето да не ги толкуваат овие однесувања како агресија. Кога играта станува премногу груба, тоа е јасно според промената на држењето на телото. Кучињата тогаш обично стануваат покрути и се движат побрзо, скокаат помалку и не трчаат во круг.

Страв и несигурност

Физичкиот контакт е начин за кучето да одржува здрава врска и да комуницира за сите проблеми. Кучињата можат да изразат несигурност и страв со тоа што ќе ги постават шепите врз нас. Важно е да се набудува нивниот говор на телото за да се утврди причината. Други вообичаени знаци на несигурност се спуштени уши и зевање.

Недостаток на внимание

Нашите крзнени пријатели уживаат во нашето друштво, а кога сме зафатени и не им посветуваме доволно внимание ќе најдат начин да ни стават дознаење дека не се премногу среќни. Можат да лаат, да бараат играчки, да се качуваат на мебелот или да стават шепа на човекот.

Ако забележите дека кучето почнува премногу да бара или дека неговото однесување ескалира на нездраво ниво, тоа може да укаже дека му е здодевно и има многу акумулирана енергија, како и недостаток на ментална стимулација која би го окупирала неговото внимание.

Глад

Друга вообичаена работа што кучињата се обидуваат да ја пренесат со овој гест е многу важна: тие се гладни. Кучето знае кога е време за јадење, така што може да бара храна на различни начини. Понекогаш ќе ви стават шепа, и сето тоа зависи од тоа на што вообичаено реагирате.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе