Шест совети за здрав живот по педесеттата година

Како што минуваат годините, забележувате дека се менува вашиот изглед. Косата побелува, лицето се збрчкува, но постојат 6 научно поддржани тајни на здраво стареење со чија помош може да ги одржите телото и духот младешки.

Квалитетна исхрана

Повеќето промени на површината на телото се резултат од тоа што го внесувате во него. Начинот на исхрана и изборот на намирници се поважни од држењето на некоја формална диета. Треба да јадете повеќе зеленчук, овошје, јаткасти плодови и ферментирани млечни производи.

Од друга страна, треба да го намалите внесувањето шеќер, соли и нездрави маси како маргарин, а ако можете во целост исфрлете ја готовата храна. многу студии покажаа дека со намалување на јаглехидратите во исхраната се продолжува животот и се намалува ризикот за многу заболувања како канцер, Паркинсова болест, Алцхајмер и кардиоваскуларни заболувања.

Храна богата со влакна

Едноставен начин да го подобрите здравјето е замена на белиот леб со леб од цело зрно житарки. Исто така, додадете грав и јаболка во исхраната, храната богата со влакна подолго ве држи сити, го намалува нивото на холестерол и ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2 и рак на дебело црево.

По педесеттата година мажите дневно треба да консумираат 30 грама влакна, а жените 21 грам.

Редовна прошетка

Пешачете барем 30 минути секој ден. Ако тоа ви е премногу, поделете го во неколку повеќе прошетки. Вежбајте редовно, особено ако притоа лесно се задишете, тоа носи големи придобивки. Физичката активност го одржува мозокот во здрава состојба така што до него доставува повеќе крв и кислород.

Прифаќање на промените

Животот се состои од промени. Кога познатата рутина одеднаш ќе се промени може да се чувствувате како да сте останале без поддршка. Од друга страна, ако живеете за промени може да доживеете авантури за кои не сте ни мислеле дека се можни.

Сега е најдоброто време да истражите непознати територии за да се пронајдете во нешто.

Одржување друштвени контакти

Ако се чувствувате осамено, без оглед дали живеете сами или со некој, дали имате или немате многу пријатели, значително се поголеми шансите за појава на депресија или деменција. Пензионерите кои се чувствуваат напуштено и изолирано имаат поголеми тешкотии при вршење секојдневни задачи како капење или искачување скали. Исто така, осамените луѓе умираат порано.

Размислете за додатоци во исхраната

По педесеттата година, на вашето тело повеќе му се потребни одредени витамини и минерали, за разлика од претходно.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе