Шест типа на луѓе кои не треба да пијат пиво

Д-р Џонатан Кинг во интервју за Eat This откри шест типа на луѓе кои никогаш не треба да пијат пиво.

Луѓе кои страдаат од дијабетес и преддијабетес

Малкумина размислуваат за шеќер кога посегнуваат по пиво. Сепак, иако на листата на состојки нема шеќер, тој природно се формира за време на ферментацијата.

„Пивото може многу брзо да го подигне шеќерот во крвта, а ако го пиете на празен стомак, може да го подигне и нивото на инсулин и да предизвика хипогликемија, што е исто така опасно“, вели д-р Кунг.

Луѓе кои се на диета или се дебели

Ако се обидувате да изгубите неколку килограми, можеби е паметно да се држите настрана од пивото. Имено, има од 100 до 200 калории, а речиси и да нема никаква хранлива вредност. Една студија покажа дека пиењето повеќе од половина литар пиво дневно може да го запре губењето на тежината, особено кај мажите. Затоа, ако сакате да изгубите тежина, заменете го шишето пиво со шише вода.

Луѓе кои се чувствителни на глутен

Оние кои се на диета без глутен треба да се обидат да избегнуваат пиво бидејќи тоа може да стимулира дигестивни проблеми.

„Пивото често може да ги активира воспалителните процеси во дигестивниот систем, што може да резултира со непријатни дигестивни проблеми“, вели Кунг. За среќа, има и безглутенски пива.

Луѓе кои страдаат од синдром на нервозно дебело црево

Дигестивните проблеми не се забавни за никого, а најмалку за оние кои страдаат од овој синдром.

„Пивото често предизвикува надуеност, гасови, дијареа, а понекогаш и стомачна болка бидејќи кај некои го иритира абдоминалниот ѕид, а кај други предизвикува задржување на вода“, вели Кунг.

Луѓе кои страдаат од хронично заболување на црниот дроб и цироза

Ако страдате од заболување на црниот дроб или цироза, не пијте пиво.

„Пивото е алкохол кој дополнително може да ја зголеми штетата кога ќе се метаболизира од веќе оштетениот црн дроб. Ова може да предизвика намалена функција на тој орган“, објаснува Кунг.

Луѓе кои страдаат од жиговина

Пивото треба да се додаде на листата на намирници и пијалаци кои ги избегнувате доколку страдате од жиговина.

„Пивото е познато дека ја намалува способноста на езофагеалниот сфинктер да се затвори, а тоа резултира со зголемено враќање на киселината во хранопроводникот“, рече Кунг.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе