Шест типови на жени кои мажите ги избегнуваат

Машко-женските односи секогаш се тема за која може да се разговара. Сепак, постои едно прашање кои ги измачува жените, зошто им е тешко да најдат партнер со кој можат да имаат квалитетна и среќна врска.

Психолозите имаат објаснување за ова. Велат дека постојат видови однесувања кои мажите можат да ги поднесат, но и видови однесувања поради кои се плашат од жените.

Ова се некои од типовите жени кои мажите ги избегнуваат:

Премногу таинствени жени

Кога жената се однесува премногу мистериозно, а потоа ја снемува неколку дена без објаснување – не се јавува на телефон или во последен момент откаже договор, тоа нема да го толерира ниту еден маж. Без разлика колку му се допаѓа жената.

Жени со превисоки очекувања

Ваквата жена никогаш не може целосно да биде задоволена или среќна. Секогаш ќе ја префрла одговорноста за нејзиниот живот на партнерот. Ако мажот не ги исполни нејзините очекувања ќе следат викотници и префрлање на вината.

Не е лесно постојано некого да го усреќувате и живеете според неговите очекувања. Затоа, мажите најчесто избегнуваат вакви жени.

Емоционално нестабилни жени

Ваквите жени обично од мува прават слон, живеат од скандали. Прилично се токсични бидејќи ја цицаат енергијата на луѓето околу нив. Колку повеќе создаваат вакви ситуации, толку подобро за нив. Способни се одеднаш да заплачат, а по некоја минута да се смеат како ништо да не се случило.

Многу е тешко да имате близок и долготраен однос со ваква личност бидејќи не е јасно што може да очекувате од неа во следниот момент.

Жени кои омаловажуваат мажи

Мислат дека сѐ можат сами да направат и знаат најмногу од сите. Лесно ќе ги препознаете бидејќи нивните фрази најчесто се од типот на „јас ќе го поправам ова, тебе не те бива“ и слично.

Исто така, мажите обично веднаш ги забележуваат на првиот состанок кога велат дека сами ќе си платат за себе, затоа што не сакаат да му должат нему.

И овие жени длабоко во себе сакаат љубов и грижа, сакаат да се опуштат и да престане целиот товар да биде на нив, но поради непријатни искуства во минатото повеќе немаат доверба во мажите и не очекуваат некаква помош од нив.

Вечно љубоморна, со желба за контролирање

Ваквата жена постојано сака да гледа што се случува со „нејзиниот“ човек, кој го доживува како нејзина сопственост. Почнувајќи од неговата облека, до неговите пријатели и работата, таа сака сѐ да биде под нејзина контрола.

Истовремено, ќе биде љубоморна на секоја жена која тој ќе ја погледне. И се разбира, кој нормален човек би дозволил вакви ограничувања?

Жена која постојано се жали

Ваквите жени секогаш имаат лоша работа, неудобни чевли, премногу се дебели/слаби, не можат да си го најдат совршениот маж и слично, темата е неисцрпна.

По разговор со таква жена мажот има чувство дека таа е осамена и несреќна. Нејзината негативност едноставно ја гасне желбата во него тој да биде со неа.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Љубов и секс

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more
 

Магазин

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе