Шевченко со децата во Лондон протестираше против војната во Украина

Најдобриот украински фудбалер на сите времиња, Андриј Шевченко, протестираше на улиците на Лондон против војната во Украина и уште еднаш повика на мировен договор.

Од Берлин до Њујорк, преку Лондон, Рим и Истанбул, стотици илјади демонстранти ја поддржаа Украина, а во главниот град на Англија легендарниот Шевченко излезе на улица со своите деца.

Потоа на социјалните мрежи објави слики од него на плоштадот Трафалгар, во срцето на британската престолнина. На неговите рамена, цврсто врзано, беше жолто-синото знаме на неговата земја, а во раката имаше симболи кои повикуваат на мир и крај на непријателствата.

„Не на војната“, „Стоп за војната“ и „Нема да простиме, нема да заборавиме“, пишува на паролите што ги држеа неговите деца.

„Стоп за војната во Украина. Слава на Украина“, напиша поранешниот селектор на украинската репрезентација во описот на објавата споделена на социјалните мрежи.

Веднаш откако се пензионира од играчката кариера Шевченко ѝ се придружи на партијата Украина - Напред!, наследник на Солијалдемократската партија на Украина која Андриј јавно ја поддржуваше уште во 90-тите. Шевченко учествуваше на парламентарните избори во Украина во октомври 2012 година, но неговата партија не успеа да освои пратенички места.

Неуспешната авантура во политиката го натера сепак да си остане на зборот, дека по пензионирањето ќе стане тренер, иако поминаа 4 години за тоа да се оствари. Летото 2016 седна на селекторското столче на Украина, а од ноември минатата година кратко ја водеше и Џеноа, соработувајќи со нашиот Горан Пандев. Моментално е без ангажман.

Со својата американска сопруга Кристен Пазик, која работи како модел, има 4 деца (Џордан, Кристиан, Олександр и Рајдер). Кристен е ќерка на поранешниот МЛБ фрлач Мајк Пазик.

реклама

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе