УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2021/22

Шкотланѓани тргнале на фудбал во Белград, се изгубиле на Косово, па залутале во Босна

Двајца навивачи на шкотски Ренџерс одлучиле на натпреварот против Црвена звезда да одат со кола. Сѐ било во ред додека не стигнале на Балканот.

Познато е колку навивачите од Островот се опседнати со фудбалот, а особено со гостувањата на нивните клубови и репрезентации во Европа. Тие се редовни посетители на сите натпревари на гости низ Стариот континент, а често прават и големи нереди.

Тепачка се случи и пред натпреварот Црвена звезда - Ренџерс кој се игра вечерва, но пред натпреварот имаше и позитивни и интересни случки.

Двајца навивачи на Ренџерс, Џек и Џон, тргнале со кола од Килмарнок до Белград. Сѐ минало добро бидејќи поминале низ Белгија, Холандија, Германија, Австрија и Унгарија, а потоа почнале проблемите.

Прво залутале на Косово, па се вратиле на вистинскиот пат, а потоа се нашле дури во Босна и Херцеговина. Да биде бељата поголема, возел само едниот бидејќи другиот и воопшто не знае да вози.

За среќа на навивачите, после Босна и Херцеговина немале повеќе лутање туку пристигнале во Белград каде нивниот омилен тим вечерва ќе одигра важен натпревар од Лига Европа.

Од Килмарнок во Шкотска до Белград во Србија има околу 3.000 километри според рутата која ја планирале преку Белгија, Холандија, Германија, Австрија и Унгарија и се стигнува за околу 30 часа. Но, нашите јунаци минале 5.600 километри (3.480 милји) за кои им требале 36 часа.

Тие оваа авантура ја раскажаа во една радио емисија што ја води шкотски медиум, а водителот не издржа, па се насмеа на цел глас.

URL
реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе