Шпанската Влада ќе предложи поинакви Божик и Нова година, со ограничувања поради коронавирусот, така што на прославите ќе бидат дозволени само 6 лица, пишува денеска шпанскиот весник El Mundo.
Цитирајќи нацрт-документ на Министерството за здравство, за кој ќе се разговара со регионалните здравствени лидери, El Mundo наведува дека Владата ќе препорача канцелариските собирања и сличните прослави пред празниците да се одржуваат на тераси во ресторани, надвор или на места кои немаат повеќе од два ѕида.
Во документот се предлага планирање на поинаков Божик без одземање на неговиот дух, што го прави еден од омилените празници на граѓаните.
Семејствата со повеќе од шест члена, кои живеат заедно, ќе можат заедно да ги слават Бадник, Божик и Нова година, според владиниот нацрт-план кој го цитира El Mundo.
Почетокот на полицискиот час во повеќето шпански региони ќе биде поместен од 23 часот на 1 часот по полноќ на 24 и 31 декември.