Министерството за финансии на Шпанија разгледува предлози за зголемување на платите за 3,5% на јавните службеници, како и за намалување на работната недела на 35 часа, јавија шпанските медиуми.
Генералниот секретар на работничките комисии Унаи Сордо во интервју за ТВ каналот 24 Horas не сакаше да шпекулира со бројките, но јасно го кажа ставот на неговиот синдикат дека очекува договор за зголемување на платите.
Според весникот El País, заедно со зголемувањето на платите, Министерството предводено од Мариа Хесус Монтеро има намера да понуди можност за намалување на работната недела на јавните службеници на 35 часа.
Од Министерството за финансии не сакаа да ги потврдат бројките што ќе ги понудат бидејќи преговорите се отворени.
Илјадници вработени во јавната администрација излегоа на улиците во Мадрид на 24 септември, барајќи од шпанската Влада „фер“ зголемување на платите и „ефективни“ економски мерки за да се помогне во борбата против растечките цени.