КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Шпанија со гол во 92-ра обезбеди пласман на ЕУРО

Шпанците беа пред пораз во Шведска, но Родриго погоди во судиското надополнување за бод голем како планина бидејќи ѝ донесе на Шпанија пласман на Европското првенство.

Група Ф

Шведска за малку не издржа да триумфира над „Црвената фурија“. Во 50-тата минута од пред самиот гол Емил Форсберг успеа некако да промаши погодувајќи ја стативата, но среќата сепак замина кај Швеѓаните бидејќи топката се одби пред главата на Маркус Берг кој лесно постигна гол за водство.

Швеѓаните оддолеваа сѐ до таа кобна втора минута од надополнувањето кога Родриго буквално влета во ударот на Фабијан Руис и израмни на 1:1.

Со ова реми Шпанија има 20 бода и обезбеди пласман на ЕУРО бидејќи во прилот ѝ оди и резултатот од Букурешт каде Романија и Норвешка одиграа 1:1. Норвежаните по шпански рецепт се извадија со гол во 92-ра кога Александер Сорлот погоди со глава. Претходно Александру Митрица донесе водство за Романија, а домаќините промашија и пенал преку Георге Пушкаш.

Фарските Острови ја забележаа првата победа совладувајќи го ривалот за дното, Малта. Јунак беше Рогви Балдвинсон со голот во 71-вата минута.

Вториот патник од оваа група ќе се бара во последните две кола во ноември, а се борат Шведска (15 бодови), Романија (14) и Норвешка (11).

Група Ј

Од другите групи кои се играа синоќа никој не успеа да го завери пласманот. Но, со една нога на ЕУРО е Финска која со 3:0 ја преслуша Ерменија. Фредрик Јенсен ја најави победата, а Теему Пуки со два гола ја потврди.

Услуга на Финците им направија Грција коja иако отпишанa ја совлада Босна и Херцеговина. Вангелис Павлидис донесе водство во 30-тата минута, а само пет минути подоцна израмни Амер Гојак. Пресудниот момент се случи во 88-мата минута кога Аднан Ковачевиќ си постигна автогол.

Роберто Манчини изваде практично втор тим на гостувањето на Италија кај слабиот Лихтенштајн. Со головите на Федерико Бернардески, Алесио Ромањоли, Стефан Ел Шаарауи и два на Андреа Белоти, „Аѕурите“ дојдоа до лесна победа од 5:0. Деби настап забележаа десниот бек на Наполи, Џовани Ди Лоренцо и тинејџерот од дефанзивната средина на Бреша, Сандро Тонали.

Финска има 15 бода, а Босна и Ерменија имаат 10, додека Грција со 8 е веќе елиминирана.

Група Д

Важна победа оствари Швајцарија и тоа над директниот ривал Ирска. Харис Сефереовиќ отвори во првиот дел, потоа Рикардо Родригес промаши пенал, но во судиското надополнување Шејн Дафи со автогол сепак донесе втор гол за домаќините.

Гибралтар успеа да ги постигне првите голови во овие квалификации, но сепак загуби дома од Грузија со 2:3. Гиорги Хараишвили и Џаба Канкава донесо водство на гостите, Гибралтар израмни преку Ли Касијаро и Рој Чиполина, но шест минути пред крајот домашното задоволство го расипа Гиорги Квилиталија.

Група Г

Израел лесно ја совлада Латвија и се израмни по бодови со Македонија и Словенија (11). Мунас Дабур постигна два гола, а еден Еран Захави за кого ова е 11-ти гол во овие квалификации и е најдобар стрелец во сите групи. За гостите погоди Владимир Камешс.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе