Шпанска серија: Агентот на Рамос се натега со Реал за милион евра

Договорот на Серхио Рамос со Реал Мадрид истекува летово и продолжувањето на уште една година требаше да биде формалност.

Но, престојот на Рамос во Реал се претвори во вистинска шпанска сапунска серија затоа што капитенот веќе со месеци не може да се договори со управата за условите на новиот договор.

Двете страни постојано велеа нешто како „Денови се во прашање за потпис“ или „Сè е договорено, само треба да го ставиме на хартија“, но сега стана јасно дека работата е многу покомплицирана.

ABC вчера објави нови детали од разговорите на Рамос со Реал. Проблемот, тврди весникот, е милион евра и менаџерот на Рамос, кој со години има лоши односи со управата на клубот.

Претседателот Флорентино Перес, наводно, е бесен на менаџерот кој ги објави јавно сите детали за преговорите неколку часа по состанокот. Ситници од преговорите се појавија низ шпанските медиуми и на Перес, пишува ABC „му дошло преку глава“.

Реал нуди 10,8, а Рамос сака 12 милиони евра

„Ова не се првите долги преговори меѓу Реал и Рамос. При секое продолжување на договорот, неговиот агент се натега со клубот и односите се влошуваа со текот на годините, до степен до кој Перес сега одлучи да ги прекине преговорите и не сака да продолжи со менаџерот, туку со играчот лично“, стои во текстот.

Но, и тоа ќе биде проблематично бидејќи Рамос наводно не е задоволен од условите презентирани од клубот. Реал на својот капитен му нуди договор за уште една година, што е вообичаена клупска практика за играчи постари од 33 години, како и плата од 10,8 милиони евра, што е за 1,2 милиони помалку отколку што сега заработува. Но, Рамос инсистира на 12 милиони евра плата и двегодишен договор, за што Реал, барем засега, не сака да се согласи.

Реал е еден од ретките клубови во светот кој ја заврши катастрофалната 2020 година „во црно“ благодарение на паметното финансиско управување и трансфер-политика. Перес го замолил Рамос да се согласи на намалување на платата за да може клубот да функционира без премногу проблеми, но играчот, наводно, одбил. ABC тврди дека на крајот договор најверојатно ќе биде постигнат, но не и доколку уште е вмешан менаџерот на Рамос.

Серхио Рамос дојде во Реал 2005 година од Севиља за 27 милиони евра и досега има одиграно 668 натпревари и постигнато 100 голови. Се проценува дека во кариерата во Реал заработил околу 80 милиони евра само од плати.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе