УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Шпанските весници немилосрдни: Кутра Барса!

Барселона синоќа ја започна новата сезона на Лигата на шампионите со тежок пораз на домашен терен од Баерн со 3:0, што покажа дека каталонскиот гигант се соочува со тешки денови по завршувањето на ерата на Лео Меси.

Се разбира, таков резултат е главната спортска вест на денот во Шпанија, така што сите спортски дневни весници му посветија насловна страница.

„Кутра Барса“ е на насловната страница на Marca, каде се споменуваат свирежите за Серхио Роберто и двата гола на Левандовски, и се истакнува дека Барселона одигра слабо против Баерн кој беше гладен за голови и дека натпреварот го одигра исклучително млад тим.

AS на насловната напиша: „Уште еден туш“. Како главни точки од натпреварот, се напоменува дека Барселона не испратила ниту еден удар во рамките на голот, како и резигнираноста на вице-капитенот Пике.

„Тоа ти е“, е токму неговата изјава, која во прв план ја стави El Mundo Deportivo, кој пишува дека тренерот Куман зборувал со ист тон. Тој додава дека Баерн покажал супериорност против импотентната Барселона и дека нешто позитивно може да се најде само во перформансите на младите играчи.

Sport на насловната страница гласи „Тажна реалност“. Тој нагласува дека Барселона играла како мал тим и ги покажала сите свои слабости против супериорниот Баерн. Тој заклучува дека ваквata Барса е далеку од најдобрите тимови во Лигата на шампионите.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе