Шпионски фотографии го откриваат изгледот на автомобилот на Xiaomi

Xiaomi го проширува доменот на своите технолошки активности, а сега неговиот прв излет во светот на електричните автомобили почнува да го добива обликот.

Новите шпионски фотографии понудија прв поглед во првиот електричен модел на Xiaomi. Овие фотографии доаѓаат од кинеската платформа за социјални медиуми 小红书 (Xiǎohóngshū), позната како кинескиот Instagram, и прикажуваат електричен седан со модерен дизајн, кој е видлив и покрај стратешката камуфлажа и недостатокот на компоненти.

На фотографиите се прикажани врати без рамка, скриени рачки на вратите кои ќе придонесат за аеродинамиката, а има и приклучок за полнење во задниот дел на автомобилот. Логото на Xiaomi ги краси звучниците на вратите.

Автомобилските амбиции на компанијата ѝ беа откриени на јавноста на 30 март 2021 година, кога производителот на паметни телефони објави инвестиција од 1,28 милијарди евра во првата фаза од автомобилскиот проект. Во следните десет години се очекува да се инвестираат вкупно 9 милиони евра, што покажува дека Xiaomi е сериозен кон своите амбиции.

Планот на Xiaomi за автомобилската индустрија вклучува воспоставување значително влијание во Пекинг. Планот е да се изгради мултифункционално седиште кое ќе вклучува продажба и истражување и развој, како и производствен погон во Јичуан (предградие на Пекинг) дизајниран да произведува 300.000 автомобили годишно.

Иако компанијата не зборува многу за својот напредок на полето на електричните автомобили, Xiaomi сепак има стабилен моментум, а производството на првиот модел би требало да започне во 2024 година.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе