Што ќе ви се случи со телото ако возите велосипед секој ден?

А.С.
/ 18.03.2022 / 15:28

Возењето велосипед е здраво за вас, тоа сигурно веќе го знаевте.

 

Здравствени придобивки од возење велосипед има многу.

Велосипедот може да ви помогне да согорите и до 600 калории на час, а вашиот метаболизам ќе биде активен дури и неколку часа потоа.

Интересно е што кога возите велосипед, не забележувате дека воопшто вежбате.

Подобар сексуален живот

Научниците сметаат дека одредени спортови го подобруваат сексуалниот живот, покрај добро познатиот факт дека физичката активност од каков било вид го подобрува расположението и го крева либидото, особено кај жените.

Во резултатите од истражувањето на Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско објавени во MedicalXpress, стои дека жените кои редовно возат велосипед имаат зголемена желба за секс, односно повисоко либидо.

Жените кои возат велосипед како редовна физичка активност имаат и подобра сексуална функционалност и помали шанси да се јави физичка непријатност за време на сексот, во споредба со жените кои не спортуваат.

Ова истражување ги поби некои досегашни истражувања кои укажуваа дека велосипедистите почесто имаат сексуални проблеми во споредба со оние кои не возат велосипед.

Во истражувањето беа опфатени 3.118 жени од кои половината редовно возат велосипед. Лекарите ја споредиле нивната општа здравствена состојба, земајќи ги предвид параметрите како возраст, општа состојба на кардиоваскуларниот систем и индексот на телесна маса.

Одличен начин да се поврзете како семејство

Ако сте родители, треба да знаете дека возењето велосипед им помага на вашите деца да имаат поголема свест за придобивките од физичката активност и здравиот начин на живот, што спречува дебелеење што е штетно за психофизичкото здравје.

Возењето велосипед заедно е одлична семејна активност што ќе ви помогне подобро да се поврзете со децата и да им ги пренесете здравите животни навики.

Погледнете што ќе се случи со вашето тело ако секој ден возите велосипед барем еден час.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фит

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе