Што навистина се случи со леталото Schiaparelli?

Европската вселенска агенција соопшти дека слетувањето на леталото Schiaparelli на Марс не се одвивало според планот. Постојат индикации дека падобранот бил прерано активиран, а ракетите што требале да се активираат непосредно пред слетувањето функционирале прекратко.

Иако сè уште не е потврдено дали леталото се срушило, сепак прогнозите не се оптимистични. И понатаму се анализираат податоците и се обидува да се воспостави контакт со леталото, со надеж дека слетало на површината на Марс.

Во моментов, научниците работат на обработка на податоци што леталото Schiaparelli ги испратило на Trace Gas. Засега сè упатува на тоа дека процесот на слетување се одвивал како што треба, сè било во ред кога леталото влегло во атмосферата. Топлотниот штит ја завршил работата како што треба, падобранот се отворил за да го забави слетувањето, но во завршната фаза е забележано чудно однесување.

Според Андреа Акомазо, шеф на операцијата, сè уште се испитува по која логика леталото одлучило да го отвори падобранот, кој е дефинитивно прерано активиран во однос на очекувањата. Повеќето научници сметаат дека леталото со огромна брзина слетало на површината, но официјално ништо не е потврдено. Засега ништо не може да се потврди додека не се реконструира профилот на брзината. Ако леталото е навистина уништено тоа ќе биде тежок удар за Европската вселенска агенција, која во 2003 година доживеа неуспех со леталото Bigl 2.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе