Доктор Мајкл Мозели ги советува луѓето кои се на диета за слабеење да исфрлат еден вид храна од исхраната и на тој начин побрзо да ја намалат количината на маснотии на стомакот.
„Можно е да се намали салото на стомакот, а го имаат дури и најслабите луѓе во светот. Најважно е да се цели на тој дел од телото, бидејќи стомакот е едно од најопасните места за складирање на маснотии“, објасни докторот за време на гостувањето во британската емисија This Morning.
Тој додаде дека можете брзо да го изгубите салото од стомакот. Според д-р Мозли, исклучувањето на шеќерот од исхраната е клучно.
„За сериозно да влијаете на салото на стомакот, треба да се ослободите од шеќерот. Изненадувачки е бројот на „диетални“ грицки и пијалоци кои се всушност богати со шеќер, а се продаваат како диетална храна бидејќи се со малку маснотии. На сите им советувам да избегнуваат таква храна и да го ограничат внесот на храна или пијалоци кои содржат повеќе од пет проценти шеќер на двапати неделно“, рече тој.
Храната богата со шеќер вклучува манго, ананас, слатки смути и сокови. Дополнително, д-р Мозли препорачува преработените јаглехидрати како што се белиот леб и тестенините да се заменат со храна како кафеав ориз или киноа.