Што ни кажува звукот на „песочниот ѓавол“ за Марс?

Иако Марс е студена, правлива и (барем колку што знаеме) безживотна планета, тоа не значи дека сè на него е мирно и тивко. Сè се случува таму - марсотреси, бури, вртлози од песок.

На пример, во мај забележавме рекорден марсотрес беше најмалку петпати посилен од претходниот рекордер. Сè уште не е познато што точно го предизвикало, но дефинитивно станува збор за необична појава. Освен што тоа беше најсилниот марсотрес забележан досега на Црвената планета, тој беше и најдолгиот - ја тресеше планетата цели десет часа.

Некои од овие појави беа снимени со камера и видовме како изгледаат, некои беа снимени со инструменти, а на некои беше снимен и звукот. Поради развојот на науката, нашето искуство на Марс на некој начин се претвори во гледање филм во 3D технологија, а сега добивме билети за седиштата во првиот ред - снимено е „ржењето“ на песочниот ѓавол што поминува.

Remote video URL

Што се песочни ѓаволи?

Песочните ѓаволи (dust devils) се всушност вртлози од прав; т.е. ротирачки струи на топол воздух. Тие обично достигнуваат височина од неколку десетици метри, но можат да бидат високи и неколку стотици метри. Зошто се формираат? Најчесто поради доаѓањето на потоплите денови.

Исто како Земјата, Марс минува низ своите годишпни времиња. И додека летната жештина на Црвената планета не може да се спореди со онаа на Земјата, Марс е зафатен од мали бури во лето кои се создаваат кога сончевата светлина го загрева воздухот во близина на сувата површина на планетата. Топлиот воздух потоа брзо се крева низ поладниот слој на воздух и почнува да се врти.

Ние дури и не би ги виделе овие вртлози доколку не ја влечат околната прашина зад себе. Вртлозите се движат напред и притоа собираат прашина и песок, оставајќи зад себе специфична трага (слика подолу). Тие имаат и неочекувана, но корисна функција - знаат како да ги исчистат соларните панели на нашите ровери кога поминуваат.

Можеме да научиме многу повеќе со звук отколку со некои други алатки

Perseverance е првиот ровер со функционален микрофон кој стигна до Марс и ни испраќа интересни аудио снимки од 2021 година. Во еден момент имал среќа и фатил песочен ѓавол како поминува, па сега имаме можност да слушнеме како звучат додека талкаат по пуста планета.

„Можеме да научиме многу повеќе со звукот отколку со некои други алатки. Микрофонот ни дава директен увид. Не баш со брзината на звукот, но речиси 100.000 пати во секунда. Ни помага да добиеме подобар впечаток за она што Марс е како“, вели планетарниот научник Роџер Виенс од Универзитетот Пердју во САД, а пренесува Science Alert.

Микрофонот на Perseverance всушност снима само три минути на ден, а ова е првпат да е вклучен додека поминува песочен ѓавол. Научниците проценуваат дека вителот бил висок најмалку 118 метри и широк околу 25 метри.Комбинирајќи фотографии со читања на ветер, притисок, температура и прашина, роверот успеал да ја следи брзината на ова мини-торнадо и открил дека достигнал 19 километри на час.

„Околиниот ветер дуваше брзо, некаде околу 40 километри на час. Но, воздушниот притисок на Марс е многу помал од оној на Земјата што ветровите, иако исто толку брзи, имаат многу послаба сила. Значи, тоа не е силен ветер, но беше доволно силен за да ги подигне честичките од песок и да создаде песочен ѓавол“, вели Виенс.

Remote video URL

Подобар увид во минатото и иднината на планетата

Сите податоци што ги собираме на Марс се корисни од повеќе причини. Прво, тие ни даваат подобра идеја за тоа како еволуирала планетата, што ни дава подобар увид во фазите на развој на другите планети. Бидејќи Марс е нашиот најблизок планетарен сосед, споделуваме тесно испреплетена историја. Споредувањето на Земјата и Марс ни дава подобра идеја за минатото и иднината на двете планети.

„Исто како и на Земјата, имаме различно време во различни области на Марс. Користејќи различни инструменти, особено микрофони, можеме да добиеме подобар впечаток за да изгледа како да сме сега таму“, рече Винс.

Истражувањето насловено The Sound of the Martian Dust Devil беше објавено во списанието Nature Communications.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе