Што по британското „не“ за ЕУ?

Велика Британија во четвртокот одлучи да ја напушти Европската унија. По објавувањето на овие вести, глобалните финансиски пазари доживееја вистинска бура. Многу од ризичните инструменти, како што се фунтата, еврото, акциите и фјучерсите, како во Европа, така и во Азија и САД, доживеаја огромни падови, а инвеститорите се преориентираат кон посигурни инструменти, како јапонскиот јен, американскиот долар и златото. 

Што се случува во момент кога Велика Британија одлучи да ја напушти ЕУ?

Три години откако Дејвид Камерон најави нова стратегија за реформите во ЕУ, истата беше ставена на гласање преку референдум. Британија сега одлучи да го одбие планот на Камерон, преку одлука за напуштање на ЕУ. Патот по кој Велика Британија се движи е многу неизвесен. Всушност, ниедна членка на ЕУ досега ја нема напуштена унијата. Самите услови за напуштање на Унијата се дефинирани со Членот 50 од Лисабонскиот Договор.

Што се очекува да се случи денеска?

Мартин Шулц, претседателот на Европскиот парламент, утрово во 9.30 часот се состана со управниот одбор на Европскиот парламент за да усогласат заедничка позиција во однос на новонастанатата ситуација. Се очекува да се бара итна активација на Членот 50 од Лисабонскиот Договор.

Денес во 11:30ч ќе дојде до состанок меѓу четворицата најмоќни луѓе во Брисел: Доналд Туск, претседател на Европскиот Совет; Жан-Клод Јункер, претседател на Европската комисија; Марк Руте, премиер на Холандија, земја која моментално претседава со Унијата; Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент. По состанокот се очекуваат и нивните изјави.

Во сабота на 25-ти јуни се очекува состанок на министрите за надворешни работи на Франција, Германија, Холандија, Луксембург, Италија и Белгија, каде ќе се разговара околу потенцијалните импликации кои би можеле да настанат по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата.

Самит

Дејвид Камерун, кој во меѓувреме поднесе оставка, но останува на функцијата премиер во наредните три месеци, во вторник и среда наредната недела ќе се состане со партнерите од Европскиот Совет, каде ќе биде под огромен притисок поради итното барање за активација на Членот 50 од Лисабонскиот Договор и преговорите за прекинување на трговските договори, бидејќи останатите членки на Унијата не сакаат оваа ситуација да се раздолжува со месеци. Една од темите на кои ќе се дискутира е и мигрантската криза, вклучувајќи го и предлогот за депортирање на африканските мигранти.

Член 50 од Лисабонскиот договор

Активацијата на Член 50 од овој договор подразбира процес на одвојување од ЕУ кој би траел две години. После тоа, Законите на Унијата нема да се применуваат повеќе во Велика Британија. Условите за излегување ќе бидат договорени од страна на останатите 27 членки на Унијата, каде секоја членка ќе има право на вето. Самиот процес на политичко излегување од Унијата е и најлесниот дел кој следи. Многу потешко се очекува да биде околу делот поврзан со економијата, постигнувањето на нови трговски договори и воспоставувањето на нови тарифи и бариери, како и околу договорите за слободата на движењето. Според некои официјални претставници на ЕУ, овој процес би можел да трае и до пет години. Приватниот бизнис-сектор посакува што повеќе се ублажат условите за да би се спречил поголем економски шок, меѓутоа политичарите сметаат дека условите мора да бидат брутални, за да се обесхрабрат другите членки на ЕУ во случај да одлучат и тие да тргнат по истиот пат.

Законска регулатива

Постои опција каде Британскиот Устав би ги инкорпорирал законите на ЕУ. Сепак, постојат и шпекулации дека новата влада ќе ја искористи оваа прилика за имплементирање на нова регулација. Тоа значи дека владата во исто време мора направи три работи: Да воспостави нов договор со Брисел, да воспостави серија од важни трговски договори ширум светот и одново да го регулира Уставот.

Брисел

Главниот фокус на Брисел во моментот е да ги сочува проектите на ЕУ. Предлогот околу воено-одбранбената интеграција, кој посебно беше подржан од страна на Германија и Франција, а кој требаше денес да биде пратен до владите на сите членки на ЕУ, засега нема да биде разгледуван, додека други работи, како јавните финансии, ќе преминат во прв план. Во меѓувреме, европските претставници и натаму се плашат да не дојде до домино ефект, каде Унијата без Велика Британија станува помалку атрактивна за либералните, богати северни земји, како што се Данска и Холандија, во кои земји меѓу десничарите почна да се зборува за слични сценарија. Инаку, избори во Холандија ќе има во март следната година, во Франција ќе има избори истата година во април и мај, а во Германија избори се очекуваат на есен, исто така наредната година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе