Што сака Русија да постигне со референдумите во окупираните делови на Украина?

Референдуми за приклучување кон Русија ќе се одржат во делови на Украина кои се под руска окупација. Што сака Русија да постигне со овие референдуми?

Референдуми ќе се одржат во четири региони, чии окупациски власти се прогласени за нелегитимни од Украина и Западот. Два региона се на исток, додека два се на југ - на борбената линија. Станува збор за Луганск и Донецк, кои се на исток, и Херсон и Запорожје, кои се на југ. По евентуалната анексија, постои можност Русија да ги третира нападите на украинските сили како напад на своја територија.

Што се случува и зошто?

Седум месеци по почетокот на руската агресија, рускиот претседател Владимир Путин е уште повеќе ангажиран во војната. Во голема контраофанзива, Украинците ги ослободија териториите кои беа окупирани на 24 февруари. Како што јави BBC, референдумот за анексија е еден од трите чекори што ги презема Кремљ во обид да ја ресетира војната.

Доколку се припојат уште 15 отсто од украинската територија, Русија ќе може да тврди дека нејзината територија била нападната од оружје на НАТО и другите западни земји. Се проценува дека со мобилизирање на 300.000 руски резервисти може да се одбрани борбената линија долга 1.000 километри. Покрај тоа, Кремљ ги криминализираше дезертерството, предавањето и отсуството за време на мобилизацијата.

Се знае дека Путин прави анексија. Тоа го покажа во 2014 година, кога беше припоен украинскиот полуостров Крим. И тогаш се одржа референдум, кој повеќето земји не го признаа. Западот го прогласи овој референдум за незаконски, а исто така и ОБСЕ.

Зошто овој референдум е лажен?

Русија тврдеше дека на референдумот на Крим гласале 96,7 отсто од гласачите, додека рускиот Совет за човекови права соопшти дека гласале само 30 отсто, од кои 50 отсто ја поддржале анексијата. За време на референдумот на Крим немаше вооружени судири, што нема да биде случај при одржување на референдуми во четирите споменати региони. Тие се целосно или делумно под окупација.

Руските војници во Херсон се обидуваат да ја спречат украинската контраофанзива. Централната административна зграда минатата недела беше погодена од голем број проектили. Условите за гласање не се сигурни, но надлежните сè уште тврдат дека за гласање се пријавиле 750.000 луѓе.

Руските медиуми најавија дека од денеска до 26 септември ќе одат од врата до врата со гласачки кутии. Избирачките места ќе бидат отворени на 27 септември, под услови што ќе ги одреди окупаторската власт. Бегалците ќе можат да го остварат своето право на глас во самата Русија. Референдумот во Запорожје нема смисла, бидејќи овој град повторно е во украински раце.

Во Донецк 60 отсто од територијата е под руска контрола и во тек се жестоки конфликти. Агресорот контролира голем дел од Луганск, но и таму почна да ја губи контролата. Рускиот печат објави дека се дистрибуира пропаганден материјал со слоганот „Русија е иднината“.

Поголемиот дел од населението, кое живеело до војната, избегало. Лидерот на проруските власти во Донецк Денис Пушилин нареди масовна евакуација пред украинската контраофанзива. Официјални лица, поддржани од Русија, побараа организацијата на референдумот да започне неколку месеци порано, а организацијата започна три дена пред вистинското гласање.

Нема да има независни набљудувачи, а најавено е дека гласањето најмногу ќе се врши преку интернет. Беше ветено дополнително обезбедување на избирачките места.

Што ќе се смени?

Советникот во Министерството за одбрана на Украина, Јуриј Сак, за BBC изјави дека референдумите се осудени на неуспех.

„Гледаме дека целото локално население е за враќање во Украина и тоа е причината зошто има толку голем герилски отпор на тие територии“, рече тој.

Киев вели дека ништо нема да се промени и дека неговите сили ќе продолжат со контраофанзива за да ја ослободат територијата.

Рускиот аналитичар Александар Баунов смета дека е малку веројатно дека анексијата ќе ја запре контраофанзивата, но дека референдумот испраќа порака до населението. Кремљ се надева дека Западот во иднина ќе се воздржи од користење на своето оружје на територијата контролирана од Москва.

Загрижувачки, Путин зборуваше за користење на сите расположливи средства за „заштита“ на Русија. Заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев јасно нагласи дека постои можност за употреба на нуклеарно оружје за „заштита“ на анектираната територија.

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен, истакна дека ова е „опасна ескалација“ и повтори дека обидот на Русија да бара украинска територија не може да ја лиши Украина од правото да се брани. Турција, која има посредничка улога во оваа агресија, ги прогласи референдумите за нелегитимни.

реклама

Ослиќ – како влијае на организмот најпопуларната славска риба?

Read more

5 хороскопски парови кои ќе се заљубат во 2024 година

Read more

Прашање за ракија на британскиот „Милионер“ што само мама знае да го одговори

Read more

Добитник на лото се откажа од 37 милиони евра, причината е потресна

Read more

Свет

Што потпишаа Путин и саудискиот принц Бин Салман?

Read more

Кумашинот на Путин ја регистрира „Втора Украина“ во Србија

Read more

Американскиот Сенат блокира милијарди предвидени за Украина и Израел

Read more

Почина Хуанита Кастро, противничка на комунизмот која соработуваше со ЦИА

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Што потпишаа Путин и саудискиот принц Бин Салман?

Читај повеќе

Ковачки: Возилото со кое е киднапирана Вања 3 дена било на скопските улици, Спасовски да одговори зошто не е детектирано од Сејф сити

Читај повеќе

Кумашинот на Путин ја регистрира „Втора Украина“ во Србија

Читај повеќе

Httpool се ребрендира во Aleph за да го зајакне меѓународниот развој на огласувачите и брендовите

Читај повеќе

Промотивен пакет на ПроКредит Банка – Префрли плата и уживај во поволности цела година бесплатно

Читај повеќе

Американскиот Сенат блокира милијарди предвидени за Украина и Израел

Читај повеќе

Во нацистичка униформа „блесна“ жената задолжена за контрола на медиумите во Србија

Читај повеќе

Остриот пад на цената на нафтата го турна Волстрит

Читај повеќе

Почина Хуанита Кастро, противничка на комунизмот која соработуваше со ЦИА

Читај повеќе