ЛИГ 1 2022/2023

Што се случува со ПСЖ? Втор пораз во три натпревари - сега падна кај Рен

Пари Сен-Жермен повторно доживеа пораз на гостување - Меси, Нејмар и Мбапе делуваа тотално немоќни во Рен.

Фудбалерите на ПСЖ го претрпеа вториот последователен пораз на гости. Овојпат подобар беше Рен со минимални, но доволни 1:0.

Парижаните иако имаа голема бодовна предност во однос на неколку екипи кои се обидуваат да ги пратат, таа веќе се стопи. Ланс по синоќешните резултати сега заостанува само три бода зад ПСЖ, што до пред неколку недели беше незамисливо.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот одигран синоќа во вечерниот термин беше Хамари Траоре во 65. минута и тоа во период кога ПСЖ напаѓаше. Прими повратна топка од десната страна, а потоа од прва со лева убаво погоди за водство на домашните.

Следуваа жестоки напади на парижаните. Килјан Мбапе, Лионел Меси и Нејмар играа заедно, но без резултат.

И покрај иницијативата и големиот притисок, ПСЖ упати само еден удар во голот на домаќините, па победата на Рен, деветта во низа на домашен терен, беше повеќе од заслужена. Ова е втор пораз за ПСЖ во последните три натпревари, откако претходно падна и кај Ланс со 3:1.

ПСЖ останува прв со 47 бодови, но само три повеќе од Ланс и пет од залетаниот Марсеј, кој гази сѐ пред себе.

Табела:

Standings provided by Sofascore
Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе