Што се случува во телото во првите 6 часа по утринското кафе?

Некои луѓе уште не отвориле очи, а веќе посегнуваат по првото утринско кафе.

Повеќето од нас го пијат за да се „освестат“ и да имаат енергија наутро, а други велат дека едноставно уживаат во неговата арома и вкус.

Кафето ја подобрува концентрацијата и ни дава сила за обврските со кои ни почнува денот, а ритуалот на пиење кафе наутро за некои луѓе е време да се опуштат и да размислат во тишина.

Одамна е познато дека дозата на кофеин што ја внесуваме наутро го зголемува нивото на адреналин, што го зголемува бројот на срцеви отчукувања и крвта побрзо струи низ телото. Истовремено, спречува допаминот одново да се апсорбира во системот, па ни останува подолго во мозокот. Тоа е главната причина зошто се чувствувате толку позитивно и среќно.

Сепак, по ова чувство на среќа и позитива настапува потребата за уште кофеин, а еве како телото се однесува во првите шест часа по првото утринско кафе.

Во првите десет минути откако сте се напиле кафе наутро, кофеинот е веќе влезен во крвотокот и почнал да се шири низ целото тело. Крвниот притисок е покачен, исто како бројот на срцеви отчукувања. Почнувате полека да чувствувате наплив на енергија.

По отприлика 20 минути кофеинот веќе се врзал на аденозинските рецептори и го „отстранил“ уморот, односно Ве разбудил. Имате чувство дека сте подготвени за сите обврски што Ве очекуваат. Исто така, како што се зголемува нивото на допамин и се задржува во мозокот, расте концентрацијата што ви е потребна за работните обврски.

Во првиот половина час откако сте ја зеле „дозата“ кофеин, надбубрежните жлезди почнуваат да лачат повеќе хормони. Во тој процес се шират зениците, па и видот Ви станува поизострен. Во овие моменти имате најмногу енергија, најдобра концентрација и се чувствувате многу позитивно.

Веќе 10 минути подоцна телото почнува да ослободува повеќе серотонин, што ја подобрува работата на невроните во рбетниот мозок, што ги подобрува координацијата и мускулната сила. Ако имате прилика и вашите работни обврски не дошле уште на ред, ова е идеално време за тренинг, објави BigThink.

Четири часа по првото кафе се забрзува метаболизмот, поради што побрзо ја трошите енергијата. Вашето тело во овој период почнува да ги разградува складираните масти.

Шест часа откако кафето поминало низ организмот, околу половина од количината кофеин излегла од Вас и можно е да почнете да чувствувате потреба за втора доза од „магичниот“ напиток.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе