Холивудскиот актер Арнолд Шварценегер претстави прототип на електричниот хамер Hummer H1.
Сонот на Шварценегер за електричен Hummer H1 го исполни австриската компанија Kreisel Electric. Се полни со батерија од 100 киловати, а со едно полнење може да достигне брзина од 300 километри.
„Компанијат Kreisel Electric ја електрифицираше мојата G-Класа минатата зима. Сега дојде на ред Hummer, така што Kreisel го одржува своето темпо. Наскоро ќе може да се лета во Лос Анџелес во електричен авион“, изјави Шварценегер.
Овој Hummer е засега прототип, а на негова изработка оваа компанија потрошила два месеци.
Електричните мотори се наоѓаат и на предниот и на задниот дел, а огромниот SUV е тежок 3.300 килограми. Неговата максимална брзина изнесува 120 километри на час.