Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис испиша нова страница во историјата на скок со стап на финалето на Дијамантската лига во Јуџин, Орегон. Дуплантис го воодушеви светот со скокање на висина од 6,23 метри, надминувајќи го сопствениот рекорд на отворено, поставен на истото место минатата година (неговиот рекорд во затворен простор е 6,22 метри).

Скокот на Швеѓанецот изгледаше импозантно, речиси како да се вивна во небесата. И покрај моменталното тресење на летвичката, таа брзо се смири и остана неподвижна, додека Дуплантис по скокот веднаш истрча кон толпата, славејќи го својот голем успех. Уште поимпресивно, Дуплантис ја прескокна висината при првиот обид.
Неговиот неверојатен рекорд сега изнесува 6,23 метри, што го прави единствениот спортист во светот кој успеал да прескокне височина поголема од 6,16 метри. Шведскиот скокач ги надмина сите пречки од 6,17 метри до најновите 6,23 метри и со тоа постави неофицијален светски рекорд.
Со оглед на тоа дека Дуплантис во ноември ќе го прослави својот 24-ти роденден, јасно е дека го чека светла иднина и многу големи скокови. Можеме само да претпоставуваме каде ќе биде крајната граница на овој извонреден спортист.