Шведскиот крал им го укина кралскиот статус на внуците

Шведскиот крал  Карл Густав одлучи да го укине кралскиот статус на неговите пет внуци за да ги намали парите кои даночните обврзници ги издвојуваат за членовите на кралското семејство, пренесува BBC.

Одлуката значи декан неговите внуци нема да ја носат кралската титула и нема да вршат службени должности. Тие сепак ќе останат членови на кралското семејство и ќе ја задржат титулата војвода и војвотка. Оваа одлука нема да влијае на двајцата кралски внуци кои се во директна линија за наследник на престолот, принцезата Естел и нејзиниот помлад брат, принцот Оскар. Упатените велат дека овој потег го одразува мислењето на пошироката јавност дека нема потреба да се плаќа за толку членови на кралското семејство за вршење на службена должност.

Така, кралските внуци повеќе нема да примаат годишен џепарлак од буџетот.

Родителите на петте деца исклучени од кралски должности, принцот Карл Филип и неговата сопруга принцезата Софија, како и принцезата Мадлен и нејзиниот сопруг на социјалните мрежи ја поздравија одлуката на кралот. Тие сметаат дека ова ќе им помогне на децата да продолжат со нормален приватен живот.

Шведското кралско семејство е првото кое ги измени правилата за наследство во 1980 година, по кои наследник на круната е првороденото дете, без разлика на полот.

реклама

Американски и грчки воени авиони утре со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на РСМ во НАТО

Read more

Во Скопје 24 новозаразени, најмногу од Сарај и од Бутел

Read more

Грција се надева на „глампинг“ – тренд што ќе го спаси туризмот

Read more

Жолта, сина или зелена: Која боја е совршена за спална, а која за дневна соба?

Read more

Свет

Дневен преглед за состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Како ќе се отвораат границите низ Европа и кога?

Read more

Меркел: Европа да преземе поголема одговорност во светот

Read more

Трамп подготвува декрет за социјалните мрежи

Read more

Вести

Дневен преглед за состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Американски и грчки воени авиони утре со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на РСМ во НАТО

Читај повеќе

Како дел од меѓународната програма за поддршка, NIVEA обезбедува донации на националните организации во Македонија

Читај повеќе

Советот за безбедност во сабота ќе одлучува за вонредната состојба

Читај повеќе

Над 130 лица во Штип ставени во изолација по контактите со заразените текстилни работнички

Читај повеќе

Кривичен суд Скопје донесе пресуди за 723 лица за непочитување на полицискиот час

Читај повеќе

Нинџа: Лица во придружба на ќерката на Митко Чавков ми се закануваа денеска

Читај повеќе

Во Скопје 24 новозаразени, најмногу од Сарај и од Бутел

Читај повеќе

Грција ќе објави листа на земји чии граѓани од 15 јуни ќе може слободно да патуваат во земјата

Читај повеќе