Сибирскиот снег е загаден со микропластика

Руски научници се обидуваат да го разберат степенот на потенцијална опасност од присуството на пластични микрочестички со кои е загаден снегот во Сибир, што претставува голема закана за животната средина во овој руски регион.

Загрижувачки е што, како што снегот постепено се топи, микропластиката продира во тамошната почва.

Научниците од Државниот универзитет во Томск (ТСУ) велат дека собрале примероци од снег од 20 различни сибирски региони - од планините Алтај до Арктикот - и дека нивните првични откритија потврдуваат присуство на пластични влакна во снегот, кои се пренесуваат преку воздухот и до оддалечени делови на сибирската пустелија.

„Сосема е јасно дека микропластиката не се наоѓа само во реките и морињата ширум светот, туку и во почвата и живите организми, па дури и во атмосферата“, вели Јулија Франк, научен директор на Сибирскиот центар за микропластика при Универзитетот во Томск.

URL

„Сибир е апсолутно недоволно истражен во овој аспект. Микропластиката, која се формира кога поголеми парчиња пластичен отпад се распаѓаат со текот на времето, сè повеќе се наоѓаат во воздухот, храната, водата за пиење, па дури и во мразот на Арктикот. Научниците сè повеќе се загрижени и стравуваат дека микропластиката може да го загрози здравјето на луѓето и морската флора и фауна, иако сè уште нема консензус по ова прашање.

URL

Научниците од Универзитетот во Томск претходно откриле микропластика во дигестивниот тракт на рибите уловени во сибирските реки, што е потврда дека овој процес придонесува за загадување на Северниот Леден Океан со пластика.

„Сибир е апсолутно недоволно истражен во овој аспект и нашиот (руски) интерес за овој проблем заостанува во споредба со остатокот од светот“, рече Франк.

Научниците сега ги проучуваат моделите на снег за да разберат до кој степен густината на населението, близината до патиштата и автопатиштата, како и другите човечки активности, придонесуваат за загадувањето.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе