Силите на либиската Влада влегоа во последното упориште на генералот Хафтар

Силите под команда на меѓународно призната либиска Влада денеска соопштија дека влегле во градот Тархун, кај Триполи, последното големо упориште на генералот Халифа Хафтар, со што заврши 14-месечна офанзива на неговата Либиска национална армија (ЛНА) врз престолнината.

Британските медиуми пренесуваат дека засега нема коментари од ЛНА дали нејзините единици сѐ уште се наоѓаат во овој град, само еден ден откако беа протерани и од последните позиции што ги држеа во Триполи.

Во текот на изминатите неколку недели, силите на меѓународно признатата Влада на национално единство извојуваа серија победи со помош на Турција.

Според извештајот на оперативниот штаб на Владата на Националното единство, владините сили стигнале во центарот на градот Тархун, откако во него влегле од четири страни.

Британските медиуми потсетуваат дека конфликтот во Либија ни од далеку не е завршен, бидејќи ЛНА, за која се вели дека е поддржана од Русија, Обединетите Арапски Емирати и Египет, продолжува да го контролира источниот дел на земјата, каде има воспоставено паралелна администрација, како и голем дел од јужните региони на земјата, каде се наоѓаат главните нафтени полиња.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе