Силјановска го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, тој неа во 2019 со 58.210

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска Давкова освои 308.632 гласа повеќе од противкандидатот Стево Пендаровски.

Од обработени 99,09 отсто од избирачките места и 99.82 отсто обработени избирачи, за неа гласале 560.173 граѓани, а Пендаровски доби 251.541 глас.

Со поголема разлика во гласовите за претседател беше избран само Киро Глигоров во 1994 година. Тој имаше 517.978 гласа повеќе од противкандидатот Љубиша Георгиевски. Беше избран во првиот круг со освоени 715.087 гласа, а Георгиевски освои 197.109 гласа.

На претседателските избори во 2019 година, кога Пендаровски и Силјановска Давкова првпат се соочија и влегоа во вториот круг, Пендаровски победи со историски најмала разлика во гласовите од сите досегашни претседателски избори. Доби 58.210 гласа повеќе од Силјановска-Давкова, односно тој во вториот круг освои 435.656 гласа, а Силјановска-Давкова имаше 377.446 гласа.

Во 2014 година Ѓорге Иванов вториот мандат во вториот круг го доби со разлика од 136.834 гласа. Тој освои 534.910 гласа, а Пендаровски, кој тогаш првпат се кандидира за претседател, доби 398.076 гласа.

Со разлика од 188.788 гласа Ѓорге Иванов го доби првиот претседателски мандат во 2009 година. Тој освои 453.616 гласа, а Љубомир Фрчковски 264.828 гласа.

221.138 гласа беше разликата со која Бранко Црвенковски го победи Сашко Кедев на изборите во 2004 година. Тој освои 550.317, а Кедев 329.179 гласа.

Борис Трајковски во 1999 година го победи Тито Петковски со 69.194 гласа разлика. За Трајковски имаше 582.808, а Петковски доби 513.614 гласа.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќајот во Скопје поради првомајскиот протест

Read more

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Read more

Запален домот на Александар Пандов: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат

Read more

Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Read more
 

Вести

Посебен режим на сообраќајот во Скопје поради првомајскиот протест

Читај повеќе

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Читај повеќе

Румена Бужаровска: „Тони“ за неколку месеци го доживува третото издание

Читај повеќе

50-годишник од Охрид повеќе пати силувал малолетничка

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп: Баш би сакал да бидам папа

Читај повеќе

„Клинци“ по седми пат вечерва во Europe House во Скопје

Читај повеќе

Маск повеќе не доаѓа во Белата куќа

Читај повеќе

Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп двапати во наредните денови

Читај повеќе

Полицијата од врата до врата го бара убиецот во Упсала

Читај повеќе