Синот на Бекам дебитираше во професионалниот фудбал

Младиот талент, чиј татко е славниот Дејвид Бекам, влезе во водите на професионалниот фудбал откако го направи своето сениорско деби откако потпиша и професонален договор.

Синоќа рано утрото со бројот 11 на грбот во стартниот состав на Форт Лодердејл се најде играч со име Ромео Бекам, син на големиот Дејвид Бекам.

Младиот Бекам летово го потпиша својот прв професионален договот откако беше пратен на позајмица во Форт Лодердејл, клуб кој е всушност резервен состав на Интер Мајами, чиј косопственик е токму неговиот прославен татко.

Форт Лодердејл е клуб кој се натпреварува во УСЛ Лиг 1, односно третото по ранг натпреварување во САД и лига која по квалитет не може да се пофали дека добро стои. Но, првиот чекор за Ромео е направен, одигра 79 минути против тимот на Тормента напуштајќи го теренот додека неговиот тим имаше водство од 2:1 (потоа натпреварот заврши 2:2).

Ромео играше на позицијата десно крило, истата онаа на која неговиот татко жареше и палеше во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан и ПСЖ. Извештаите од САД велат дека младиот Бекам не се снашол најдобро на неговото деби и само 19 пати ја допрел топката пред да биде заменет.

Единствено го издвојуваат потегот од 57. минута кога одлично проиграл со Харви Невил, инаку син на тренерот на Интер Мајами и поранешен соиграч на Дејвид Бекам - Фил Невил, но создадената шанса нивен соиграч не ја претворил во гол.

Remote video URL

За 19-годишниот Ромео сезонава е времето кога ќе покаже дали поседува нешто од талентот на неговиот татко, а слабата лига во која се натпреварува неговиот тим е одлично место за први почетоци на млад фудбалер во професионалниот фудбал.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ROMEO (@romeobeckham)

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе