Сексот и градот. Легендарната серија што сруши табуа и создаде цела една индустрија на мода, филм и животен стил. Влијанието на серијата (и филмовите) „Sex and the City“ врз мејнстрим културата беше огромно и се чувствува и ден-денес.
Иако од многу аспекти беше револуција сама по себе, гледано 20 години откако прв пат почна да се емитува оваа серија, да ги разгледаме и негативните последици на светската опсесија со четирите њујорчанки кои ја градат нивната пријателска врска, бараат љубов и секс во градот што никогаш не спие, додека истовремено градат кариери.
Од оваа серија произлегоа многу животни мудрости, но исто така и големи заблуди и лаги во кои денес веруваат легии жени:
Мажот може да се смени
Единствена личност на која може да поработите и евентуално да ја смените сте самите вие. Колку и да се трудите, мажите и пријателите во вашиот живот се такви какви што се и мора да се помирите со тоа.
Во ред е да пиете во текот на работната недела
Колку и да ви се чинеле привлечни коктелите по ннапорниот работен ден, следниот ден вашето тело нема да ви биде благодарно за таа постапка и дефинитивно нема да изгледате одморено и свежо како четирите дами од серијата.
Мора да има драма во врската
Тоа што животот на Кери Бредшо беше една голема хумористична драма не значи дека и вашата врска треба да биде полна со игри, драми, интриги и неверства за да биде интересна.
Во ред е да ги потрошиш парите за стан на купување чевли
Колку и да бевме заљубени во секој пар чевли со потписот на Маноло Бланик , свесни сте дека не можете да живеете во кутијата за чевли откако газдата ќе ве избрка бидејќи не сте платиле кирија.
Четири другарки лесно се договараат за излегување
Работа, семејство, врски, дополнителни обврски... сами знаете колку е тешко да се договорите со една личност за на кафе, во диско или на вечера, па не со три. Уште помалку кога сите имате различно работно време и семејни обврски.
На светот има четири типа на жени
Ако не сте драматична креативка, зависничка од секс, опседната со работа или безнадежна романтичарка – тогаш не постоите. Сепак, секоја жена има по малку во себе и од Кери, и од Саманта, и од Миранда и од Шарлот.