СЈО чека одговор на жалбите до вечер, од Судот поинаку го толкуваат Законот

Специјалното јавно обвинителство очекува Основниот суд Скопје 1 да одговори на нивните жалби до понеделник вечер, кога тече рокот од 48 часа од поднесувањето на жалбите, односно од саботата вечерта кога беа поднесени жалбите.

Од Судот, пак, велат дека по жалбите се постапува во рок од 48 часа од времето кога спротивставените страни ќе ги примат жалбите за одговор.

„Кога ќе бидат исполнети условите, односно кога судот ќе добие доставница дека спротивставените страни ги примиле жалбите за одговор, Кривичниот совет има рок од 48 часа да донесе одлука“, велат од Судот.

За Специјалното јавно обвинителство, пак, Законот бил јасен и неприфатливо било објаснувањето на Судот дека рокот тече откако страните ќе ги примат жалбите за одговор.

За нив не е оправдување ниту тоа што Судот не работел викендов, бидејќи без разлика на тоа дали е викенд или не, рокот за жалбите тече.

Како што го испочитувале тие рокот од 24 часа за жалба на решението на Судот, иако беше викенд, очекуваат и Судот да го почитува Законот и се децидни дека одговор на жалбата очекуваат вечерва.

Според Законот за Кривична постапка, советот што одлучува по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа.

Во Основниот суд Скопје 1 заврши распитот на Исмет Гури и се очекува решението од Судот дали ќе биде прифатен предлогот на СЈО за притвор или не. Засега нема информација, ниту од Судот, ниту од СЈО дали и останатите осомничени ќе бидат сослушани во понеделник во Судот.

Меѓу осомничените кои немаат дадено исказ пред Судот за изборни манипулации е поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Read more

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more
 

Вести

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Читај повеќе

Пет скелети најдени под нацистичкиот бункер Волчјо дувло

Читај повеќе

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе