СЈО вршело претрес во домот на Коста Крпач

Спeцијалното јавно обвинителство вршело претрес во домот на Коста Крпач, кој беше најден застрелан во својот дом вчера, во скопски Капиштец.

Од Обвинителството појаснуваат за Макфакс дека иако Крпач не бил осомничен во ниедна постапка којашто се води во ова Обвинителство, според Законот за кривична постaпка претрес може да се врши кај осомничен, но и кај други лица каде е веројатно дека ќе се најдат предмети важни за кривичната постапка. 

Новото обвинителство утрово испрати соопштение до јавноста во кое обелодени дека Крпач доброволно се пријавил како сведок во предистражна постапка којашто ја воделе тие и дека за него во Обвинителството не била отворена никаква кривична постапка иако тој се најде на списокот на помилувани лица на Претседателот, Ѓорге Иванов. 

Оттаму соопштија дека имаат докази дека врз Крпач бил вршен притисок, но други детали не соопштуваат бидејќи предистражните постaпки се тајни и се работи за доверливи информации.

Од Институтот за судска медицина за Макфакс потврдија дека обдукцијата на телото на Крпач е завршена и дека се прават дополнителни обработки, но за резултатите од обдукцијата велат дека информации ќе соопшти надлежниот Јавен обвинител.

Вештачењата за овој случај се во тек и од скопскотo Јавно обвинителство најавуваат дека ќе излезат со подетални информации кога ќе бидат разгледани сите извештаи и информации. 

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, веднаш по случување на настанот раководеше со увидот на лице место. Со цел расветлување на настанот, издаде Наредби за вршење на обдукција на починатото лице, за балистичко вештачење, за прибирање на траги од лице место и други вештачења. Преземањето на дејствија од обвинителството е во тек. Со подетални релевантни информации јавноста ќе биде запознаена откако ќе пристигнат и ќе бидат разгледани сите извештаи и информации. Секоја друга информација во овој момент би била шпекулација“, велат од скопското Јавно обвинителство.

Во средата попладне околу 13:20 часот било пријавено дека на улицата „Нроден фронт“ во Скопје биле слушнати неколку истрели од огнено оружје. 

Првичните информации беа дека Крпач пукал кон комбе „фургон“ сопственост на фирмата „Огнометика“, генерален застапник за „Мирновец пиротехника“. Оваа фирма според описот на дејноста што може да се најде на интернет повеќе од 20 години професионално се занимава со организација и изведба на огномети и други пиротехнички и непиротехнички услуги од доменот на забавната, сценската и филмската пиротехника. Оваа фирма има свои претставништца во сите држави на Балканот, а од пред седум години отвори свое претставништво и во Македонија.

На комбето биле најдени три проектила испукани од правец на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. 

Крпач бил осомничен како можен сторител, но полицијата кога влегла во неговиот стан го нашла починат во спалната соба. 

Тој имал прострелна рана на градниот кош, а според првичните неофицијални информации тој се самоубил со огнено оружје револвер непозната марка.

Крпач бил академски уметник, сопственик на фирмата „Финзи“, а неговото име се споменуваше и во сопствеништвото на интернет порталот Нетпрес.

Тој се најде на списокот на помилувани лица на Иванов, иако за него не се водела кривична постапка.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе