Скандал Латас-Лазаров: Јавноста згрозена од релативизирањето на сексуално насилство

Пред неколку дена, јутјуберот Стефан Лазаров објави интервју со Драган Павловиќ-Латас во кое, покрај другото, гостинот се осврна и на неговото „прво сексуално искуство“.

Деталите во кои навлезе Латас несомнено укажуваат на сексуален напад, а начинот на кој Лазаров ги дочека тие информации – со смеење и релативизирање – наиде на бран реакции во јавноста, и од невладните организации, и од граѓаните.

„По споделената информација дека тој и неколку другари на 15-годишна возраст злоставувале и силувале девојка е колективен, општествен пораз и реален приказ за тоа како ги третираме жените жртви на насилство. Во видеото, кое веќе има над 50 илјади прегледи, за двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа, со што тие директно праќаат порака кон огромната публика не само дека тоа е нешто нормално, туку и смешно. Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса излгеда нормализирање на културата на насилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо насилниците.

Таа култура, им дава ветер во грб на насилниците, кои не само што продолжуваат да живеат нормално, туку и да бидат славени како ‘вистински мажи’ и победници. Истата таа култура ги осудува жртвите, праќајќи им јасна порака дека системите на поддршка се речиси непостоечки. На оваа култура мора да и се стави крај, јасно и гласно, ако јавната осуда е единствено оружје кое го имаме на располагање, соочени со систем кој очигледно не знае и не сака да се справи со родово базираното насилство“, веднаш реагираа од Хелсиншки комитет за човекови права.

Неодамна објавеното интервју од јутјуберот Стефан Лазаров каде неговиот гостин Латас споделува дека тој и неколку...

Posted by Хелсиншки комитет за човекови права - Helsinki Committee for Human Rights on Sunday, February 19, 2023

Се огласи и Ирена Цветковиќ, извршна директорка на коалицијата Маргини, со реакција насловена „Кому му е смешно силувањето“

„Во скорешното интервју на Латас кај некојси јутјубер Стефан Лазаров, гостинот лабаво раскажа како тој и негови другари на 15 години групно силувале девојка во автомобил Фичо која првин едниот од нив ја натепал. За емисијата со Латас , јутјуберот Лазаров ќе рече - ИСКИНАВМЕ!

Да, ја искинавте последната надеж дека ова општество е нормално, ја искинавте последната трошка верба дека јавната сфера е хумана и емпатична и мене лично (а верувам и на многумина) ми го искинавте срцето.

Додека Латас раскажува, Лазаров се кине од смеење, што особено го радува раскажувачот. Се смеат заедно, заоѓаат во злорадост, исполнети од сопствениот успех. Едниот мисли дека е мангуп зошто силувал, другиот мисли дека е мангуп зошто ја има можноста ексклузивно да го сподели овој подвиг на силувачот.

Ми се преврте утробата, што од гадење, лутина и бес, што од немоќ. За жал, силувањето се случило одамна и во моментов освен признание нема речиси никаква можност за кривичен прогон. Дополнително, јутјуб каналот на Стефан Лазаров не е препознаен како медиум во нашите закони, па не подлежи на санкции. Единствено што ни останува е јавната осуда. Ни приближно доволно, ама единствено исправно“, реагира Цветковиќ.

Загрижени граѓани преку социјалните медиуми исто изразија став против ваквото релативизирање и нормализирање на сексуално насилство, особено откако Павловиќ и Лазаров не само што не се извинија, туку продолжија со антиродовите коментари и напади врз оние кои ги критикуваа.

Она што особено ја изреволтира јавноста беше релативизирањето на опишаниот настан, односно неговото квалификување. Во таа насока, Скопски квир центар излезе со реакција во која појасни што значи силување.

„По интервјуто што предизвика реакции и поделби во јавноста, чувствуваме должност да реагираме како организација која се бори за човековите права на секоја личност, како и против насилното однесување.

Во нашиот тим работат психотерапевти со искуство со различни целни групи, меѓу кои и жени жртви на сексуално насилство. Важно е да појасниме дека дури и никаде во интервјуто да не е споменато силувањето, она што е споменато е дека сторителот вршел континуирано физичко насилство со удирање шамари на секоја девојка со која подоцна имал однос. Физичкото насилство често претходи на чинот на силување и со тоа сторителот ја покажува својата надмоќ врз жртвата која подоцна, од страв или поради состојба на шок, може воопшто да не даде никаков отпор при сексуалниот однос. Недавањето отпор не значи дека личноста се согласува на секс. Стравот и состојбата на шок можат да влијаат со замрзнување на личноста која подоцна ќе биде силувана, но нема да реагира со отпор. Оваа ситуација жртвите на сексуално насилство често ги тера да чувствуваат вина кај себе, бидејќи не можат да си објаснат зошто не пружиле отпор, а при пријавување ќе се соочат со прашања како ‘зошто не проба да избегаш’ или ‘дали викаше НЕ за време на силувањето’. Мораме како општество сериозно да ја отвориме оваа тема, бидејќи се покажува непознавање дури и кај возрасните луѓе.

Крајно време е надлежните органи сериозно да се позанимаваат со насилството врз жените, особено што жените жртви на насилство имаат ниска доверба во институциите на системот поради страв, срам, како и поради можен потсмев, или процеси во кои ќе бидат изложени на повеќекратно раскажување на насилната сцена која ќе ја преживуваат одново“, стои во објавата на Скопски квир центар.

По интервјуто што предизвика реакции и поделби во јавноста, чувствуваме должност да реагираме како организација која се...

Posted by Скопски Квир Центар on Sunday, February 19, 2023

Порталот „Фокус“ објави дека компанијата Кожувчанка, чие лого е истакнато кај јутјуберот Лазаров, побарала тој да го тргне истото и информира дека не поддржува емисии во кои се промовира таков говор, каков што беше случајот со емисијата во која гостуваше новинарот Драган Павловиќ-Латас.

Помеѓу спонзорите истакнати кај него, има голем број на познати компании, но ниту една од нив досега се нема огласено по повод настанот кој ја бранува јавноста.

Реакциите и револтот на граѓаните на социјалните мрежи не стивнуваат и сè погласни се повиците за морална и кривична одговорност.

URL
URL
URL
URL
URL
URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе